ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН
Митрополитот г. Кирил беше роден како Никола Поповски на 23 јуни 1934 година во Царев Двор, Преспанско. Тој беше еден од потписниците на историската одлука за возобновување на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во 1967 година, како и еден од столбовите на опстојувањето на црковно-националниот живот во период од четири и пол децении во Преспа, во Македонија и кај македонското иселеништво ширум светот. Почина на 79- годишна возраст на 11 јуни 2013 година.
Царев Двор е едно од најголемите и најубавите населби во Преспа. Тоа е распослано во рамничарската питомина на Преспанското Поле, близу до синото Преспанското Езеро, во најубавиот дел на Преспа. Царев Двор е тесно поврзано со Дрмени со новоизградените куќи покрај патот и заедно прават најголема населба во Преспа после Ресен
Царец Двор и Дрмени се наоѓаат на пет-шест километри од Ресен и се раскрсница на патот од Макази кон Отешево. Тие се стари мешана етнички населби, со претежно македонско населени и турско малцинство.
Царев Двор е големо и убаво уредено преспанско село од збиен (собран) тип, со околу 450 куќи, обновени или новоизградени. Во минаторо, тоа била развиена трговска населба, за што зборуваат седумте влезно – излезни патишта, како и постоењето на црквичката Меркурија (според нивно кажување светец на трговијата). Денес Царев Двор се проширува на сите страни и прилега на градска населба која претставува значаен дел на Преспа и Македонија.
Царев Двор е царско место на Цар Самоил. Тоа е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија. Тоа е место на иднината на Преспа. Тоа е мести во кое постојат две цркви и една џамија. Црквата „Св. Никола“ што е лоцирана на влезот во населбата по патот од Ресен била изградена во 1875 година.
Црквата „Св. Никола“ во Царев Двор
Во неа живеел и работел познатиот македонски борец од Втората светска војна, Јосиф Јосифовски – Свештарот. Црквата таканаречена Долна Црква, пак, е на патот за селото Езерени, која е стара и била обновена во 1920 година. Џамијата, пак, се наоѓа во центарот на селото и била изградена во Отоманскиот период, а е обновена во 1974 година
Во моногравското дело „Митрополит Кирил“ од авторот на овие редови, Славе Катин е забележано дека господин Кирил беше роден како Никола Поповски на 23 јуни 1934 година во познатото село Царев Двор, Преспанско, кое е ни село ни град. Основно образование завршил во родното место, а Средно богословско училиште во Призрен.
Во 1960 година прв пат се вработува како службеник во Скопската митрополија, а во 1964 година се замонашил во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ („Света Пречиста“) кај Кичево. Неговото запознавање со македонското иселеништво се случи во пролетта 1965 година, кога како член на делегацијата на МПЦ, предводена од поглаварот на МПЦ, првиот архиепископот г.г. Доситеј, во својство на архиѓакон, за прв пат патува во Канада и во САД.
Истата годинасе запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск, каде завршил прв степен. Меѓутоа, по двегодишно студирање бил повикан да се врати во Македонија, а во јули 1967 година, непосредно пред возобновувањето на автокефалноста, во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Скопје, беше хиротонисан за архиереј тивериополски.
Потоа владиката г. Кирил заедно со четворицата тогашни членови на Светиот синод на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј и владиците г. Kлимент, г. Наум и г. Методиј, ја потпишаа Одлуката и ја возобновија Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, денес МПЦ-ОА.
Според зборовите на митрополитот Кирилм тој со задоволство го примил името на македонскиот рамноапостол свети Кирил Солунски. Станал член на Светиот архиерејски синод на МПЦ, на чија седница, одржана пет дена подоцна, на 17 јули 1967 година, беше донесена историската одлука за канонско возобновување на целосната афтокефалност на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква и беше избран за прв надлежен македонски архиереј за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ.
Во 1969 година замина во Торонто, Канада, со цел да ја организира прекуокеанската Епархија. По издвојувањето од Американско-канадско-македонска епархија во 1974 година, активно раководи со Австралиската епархија до 1982 година, а со Американско – канадската епархија до 1987 година. Во периодот додека раководи со овие епархии, од 1971 до 1978 година, администрира и со Полошко-кумановската епархија, а во 1987 година е назначен за Полошко-кумановски митрополит.
Во меѓувреме ги заврши теолошките студии на Богословскиот факултет во Скопје. По упокојувањето на архиепископот г.г. Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар архиепископот г.г. Ангелариј, митрополитот г. Кирил времено ја извршуваше должноста на архиепископскиот трон.
Ние, православните христијани, во своето сеќавање посебно ги пазиме и славиме личностите кои на одреден начин ја спровеле во дело Божјата промисла. Таквите луѓе ги нарекуваме свои учители и нивниот пример се обидуваме постојано да го оствариме и примениме во своите животи.
Некои од нив се удостоиле Божјата милост и Неговата света промисла да ги определи да бидат првенци и херои во својата непосредна средина, токму меѓу својот сопствен народ. Таквите луѓе се објект на воодушевување и анализа за народното потомство и за идни генерации. Еден од нив беше митрополитот г. Кирил.
Како митрополит и надлежен архиереј на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ, тој го учеше својот народ да не ги заборава своите македонски корени, својата самобитност, да го негува својот мајчини македонски јазик, обичаите, фолклорот… Меѓу македонската дијаспора, владиката Кирил ќе остане запаметен како македонски црковен и национален симбол. Тој беше црковен деец, одлучен борец на православната вера и човек кој целосно беше посветен на македонската кауза.
Продолжува
Пишува: Славе Катин