Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) соопшти дека утрово на 30.03 2024 година, пријавила во полиција упад на манастирскиот имот „Св. Атанасиј“ на тетовското Кале. Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.
Епархијата посочува дека ова се случиле нецели десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава (албанско знаме).
„Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност“, велат во Тетовско-гостиварската епархија.
Според информациите од МВР, во периодот од 20 до 30 март, во црквата, непознати лица го скршиле катанецот на влезната врата, ги скршиле стаклата на прозорците, но не одзеле ништо.
За ваквиот вандалски чин врз Македонскиот православен манастир „Свети Атанасиј“ во Тетово, силна осуда изрази Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД. Во соопштението на ОМД, меѓу другото се вели:
„Во жалосен чин на непочитување и нетрпеливост, на мета беше манастирот, свето место за Македонската православна заедница, во време кога верниците свечено постат за православниот Велигденски пост и Рамазан. Овој злонамерен чин не само што ја нарушува светоста на верската институција, туку ги поткопува и принципите на мултикултурализам и верска толеранција кои се суштински за едно кохезивно општество.
ОМД се солидаризира со Македонската православна заедница и сите засегнати од овој осудувачки чин. Ги повикуваме властите брзо да го истражат овој инцидент и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Понатаму, апелираме за зајакнати мерки за заштита на верските објекти и за поддршка на основните права на сите поединци да ја практикуваат својата вера без страв од прогон или дискриминација“.
Исто така идиректорот на Комисијата за односи помеѓу верските заедници, Дарјан Сотировски го осуди повторното вандализирање на манастирот „Свети Атанасиј“ на тетовското Кале. Тој вели колку пати треба ваквиот настан да се осуди. Додава дека целото општество има одговорност што ваквиот квази-нацоналистички пубертет не е сосечен во корен.
За вандалски чин врз Македонскиот православен манастир „Свети Атанасиј“ во Тетово, се прашуваме дали мултикултурата е вандализам? Имено, според пишаните документи концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културните различности на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам. Бидејќи нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип ги има културните различности, а културниот идентитет има суштинска улога во конституирањето на личниот идентитет на поединецот.
Бидејќи културата, односно културната заедница е од такво фундаментално значење за животот на нејзините припадници, културните практики на малцинските културни заедници треба да бидат заштитени.
За жал, во Македонија се мисли дека националистичките поделби, ќе донесат „позитивни“ резултати за државата. Политичатите од албанска националност како да немаат крај во барањата и освојувањето од административното до високополитичко ниво, со идеи за голема Албанија, за што денешниот систем и власта молчи. Затоа, генерациите кои доѓаат мора да го зачуваат идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава и да се престане распродажбата на вредностите на Република Македонија.
Демонстрации пред Влада
За жал и Република Македонија има многу недоречености во врска со македонските патни документ, особено за Македонците од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Ако одреден број етнички Албанци имаат и македонски, и косовски и албански документи кои слободно ги користат во многу потреби, Македонците од Егеј и Пирин, мака мачат да ја доказат својата националнот и место на раѓање, од причини што во нивните земји се на сила фашистичките закони за малцинствата. Веројатно ние Македонците ќе треба да го проучиме законот на Евреите во светот, кои со две раце се применува, и добиваат државјансво на Израел, доколку лицата се чувствуваат и се декларираат како Евреи.
А, тоа треба да се постигне со правата и обврските на мултикултурата и по примертот на Канада, Австралијане и други демократски држави во светот, не е важно колку и какви битки ќе се водат, важно е да се продолжи Македонците и другите етнички групи во Република Македонија, никогаш да не се откажат и да остават недоразбирање, самоволие и омраза за идните генерации, за и тие да продолжат да ги спроведуваат мултикултурните светски вредности. Бидејќи борбата за Македонија е вечна, исто како што е вечна борбата помеѓу доброто и злото. И со право се вели дека Македонија ќе опстојува се’ додека светот светува и веков векува!