ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН
Царев Двор е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија и е место на иднината на Преспа. Тоа е царско место на Цар Самоил. Тоа е преубаво и големо преспанско село, распослано во рамничарската питомина близу до синото Преспанско езеро. Царев Двор е една преспанска оаза вгнездена меѓу вишно високиот планински венец – Пелистер и Галичица, во кое е роден Никола Поповски, митрополитот г. Кирил.
Царев Двор е едно од најголемите и најубавите населби во Преспа. Тоа е распослано во рамничарската питомина на Преспанското Поле, близу до синото Преспанското Езеро, во најубавиот дел на Преспа. Царев Двор е тесно поврзано со Дрмени со новоизградените куќи покрај патот и заедно прават најголема населба во Преспа после Ресен Тоа се наоѓа на околу пет километри од Ресен и е раскрсница на патот од Макази кон Отешево. Тоа е стара мешана етничка населба, со претежно македонско населени и турско малцинство.
Царев Двор е големо и убаво уредено преспанско село од збиен (собран) тип, со околу 450 куќи, обновени или новоизградени. Во минаторо, тоа била развиена трговска населба, за што зборуваат седумте влезно – излезни патишта, како и постоењето на црквичката Меркурија (според нивно кажување светец на трговијата). Денес Царев Двор се проширува на сите страни и прилега на градска населба која претставува значаен дел на Преспа и Македонија.
Царев Двор е царско место на Цар Самоил. Тоа е стара македонска населба со сите нишани на древноста и вистината на Македонија. Тоа е место на иднината на Преспа. Тоа е мести во кое постојат две цркви и една џамија. Црквата Св. Никола што е лоцирана на влезот во населбата по патот од Ресен била изградена во 1875 година.
Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Планка пишува дека е придавноименски состав со посесивно значење. Во преданието на царедворци името на селото се поврзува со легендите за постоењето дворец на цар Самуил на ова место. Според други легенди на мештаните, пред стотина години, на пат за некаде, некојси цар и неговиот везир неколку дена престојувано на местото на денешното село, така што својот шатор царот го раширил на денешното место Царева Нива, а неговиот везир на денешното место Везирова Нива. Потоа, најпрвин местото, а потоа селото биле наречени Царев Двор
Во неа живеел и работел познатиот македонски борец од Втората светска војна, Јосиф Јосифовски – Свештарот. Црквата таканаречена Долна Црква, пак, е на патот за селото Езерени, која е стара и била обновена во 1920 година. Џамијата, пак, се наоѓа во центарот на селото и била изградена во Отоманскиот период, а е обновена во 1974 година.
Царевдворци својата егзистенција во минатото ја обезбедувале преку поледелството и сточарството. Најмногу биле застапени житните и градинарските култури, а некогаш се садело и македонското злато – тутунот. Од 1960 година, пак, преовладува овоштарството, кое е најразвиено во Преспа, а најмногу хектари се под јаболкови насади и други овоштарски култури.
Образовните процеси во Царев Двор почнале во годините на Илинденското востание, кога е изградено и старото училиште. Новата училишна зграда датира од учебната 1964/65 година. Пред Втората светска војна имало триесетина жители со завршено средно, а денес со завршено вишо или високо образование има преку стотина жители, меѓу кои, има магистри и доктори на науки како и познати и признати граѓани на Македониај и светот.
Меѓу другите, од Царев Двор потекнуваат: Цветко Узунов – Абас (1916 – 1994), револуционер, генерал, член на Президиумот и на Првото заседание на АСНОМ, а Цветко Узунов, заедно со Вангел Темовски и Алексо Стефковски биле учесници во Граѓанската војна во Шпанија; Живко Стефановски, првоборец.
Исто така, Царев Двор е родното место на митрополитот Кирил, единствениот потписник на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и владиката кој ги стави темелите на најголемиот број македонски цркви во дијаспората, потоа на проф. д-р Христо Поповски; познатиот новинар Панде Поповски, Гога Прцуловски, Гоце Андоновски, Васил Василевски и многу други.
Затоа со право се вели дека Царев Двор е револуционерно село во Преспа. Во НОБ животите ги дале Живко Андоновски и Мите Прцуловски Денес во селото постои спомен – биста на народниот херој Јосиф Јосифовски – Свештарот. Исто така, од Царев Двор има голем број иселеници ширум светот, кои се дел од националното и црковното живеење на Македонците во дијаспората. Меѓу нив треба да се споменат: Димче и Пара Ставревски, Јонче и Вера Филиповски, Блаже и Кицо Принцевски, Блаже и Кита Поповски, Владе Царевски, Гоце Поповски и многу други во САД, Канада, Австралија и Европската Унија.
Неговото високопреосвештенство, митрополитот полошко-кумановски господин Кирил (Никола Поповски) е роден на 23 јули 1934 година во Царев Двор, а почина на 10 јуни 2013 година и е погребан во црквата Св. Ѓорѓи во Дељадровце, Скопско. Основно образование завршил во своето родно место-Царев Двор со одличен успех, а Богословија во Призрен.
Потекнува од благородното христијанско, православно семејство Поповски од Царев Двор, кое ова презиме го добило затоа што со векови било посветено на Бога и на Црквата Христова. Неговите предци повеќе од 300 години наназад на Црквата на македонскиот народ ќе и’ посветат 32-јца свои луѓе во свештенички чин. Еден од нив е познатиот репортер на Македонското радио, Панде Поповски, кој беше ракоположен во свештеник.
Не ретко во Царев Двор се раскажувало и прикажувало за благородноста и за добрините на Милица, која како вистинска матица го собирала семејството, негувајќи исклучителна меѓусебна љубов и давајќи постојан импулс за тоа, среќа да ги следи и напредок да имаат низ нивните одбрани животни патишта по кои кинисале секој одделно и сите заедно во фамилијата Поповци.
Растејќи во закрилата на една топла родителска грижа и внимание, Никола уште од мал ќе се издвои по својата наклонетост, дарба и постепена обземеност од светиите во семејната традиција, во домот и во родното место. Тоа ќе го понесе уште од мали нозе. Ученикот Никола, отпрво кришум, а потоа и сеʼ повеќе се посветувал на овие свети патокази кои ќе му го одредат неговиот животен тек. И најнакрај, веќе било сосема јасно дека патот негов животен, веќе е определен. Не, не воени школи, туку на тоа што најмногу му лежи на срце – ќе продолжи да учи на Богословија
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН