ОД ПИШАНОТО НЕ СЕ БЕГА

Иако честито не ни заигра во екипата на Фенербахче, Елиф Елмас е повторно во центарот на вниманието на фудбалската јавност. Пред да го потпише договрот со турскиот гигант, за македонскиот репрезентативец беше заинтересиран богатиот Манчестер Сити, кој по половина сезона повторно пројавува интерес за него. Пеп Гвардиола не се откажува од намерата да го донесе Елмас во својата екипа и како што пишуваат медиумите, подготвен е да даде голема сума за да го откупи неговиот договор.

Како и да е, ова лето најверојатно ќе биде интересно барем кога се работи за Елмас, бидејќи доколку Фенербахче не се договори со Манчестер С. ќе има прилика тоа да го направи со Борусија Дортмунд или Феенорд, кои исто така се заинтересирани за него и најверојатно ќе испратат понуди до турскиот клуб.