Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за здравство.   

Пред Комисијата за образование е Предлог-законот за високото образование во прво читање, Комисијата за земјоделство ќе расправа по предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за консолидација на земјоделско земјиште, двата во прво читање, додека членовите на  Законодавно-правната комисија треба да разгледаат повеќе точки, од областа на финансиите, судството, образованието, земјоделството, сообраќајот,…

Комисијата за здравство, пак, организира јавна расправа на тема „Ефектите од примената на паралелен увоз на лековите”