СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) во билатералните односи со Република Македонија да го користи нејзиното уставно име секако дека е одпрвостепено политичко значење. Тоа, пред сè, е заради улогата што денес САД ја имаат во меѓународната политика и севкупните меѓународни односи. САД е трета постојана членка (од пет) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, покрај Русија и Кина кои ја признаваат Република Македонија под уставното име, име кое Владата и народот на Македонија го избрале за име на својата земја.

Ова само по себе има особено значење, бидејќи останува фактот дека политичката волја на САД, изразена во таа одлука, го афирмира и објективно го зацврстува природното право секоја држава да може суверено да си го избере своето име. Тоа значи и дека дополнителните услови кои ѝ беа наметнати на Македонија при нејзиниот прием во ОН (за прифаќање на референцата ПЈРМ и преговорите со Грција околу името), немаат легален карактер.

Ние многу добро знаеме кој ѝ е пријател на Македонија – тоа е лидерот на слободниот демократски   свет,   претседателот   на   САД, Џорџ Буш“, вака изјави лидерот на Македонска алијанса, господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, во текот на Бушовата кампања за втор мандат во Белата куќа. Овие зборови на нашиот познат бизнисмен, Македонец, кој долги години успешно работи во Соединетите Американски Држави, се докажаа и беа потврдени во реалноста.

Ветувањето кое претседателот Буш му го даде на господинот Атанасоски и на делегацијата на Македонска алијанса при средбата во Белата куќа во Вашингтон, односно дека ќе се заложи за признавање на Македонија под нејзиното уставно име, тој го одржа. Американската влада, односно Стејт департментот ја смета Македонија за свој близок сојузник, при што во текот на изминативе години сесрдно го поддржува нејзиниот територијален интегритет и нашава држава ја смета за клучен фактор за стабилноста на целиот регион.

Меѓу Македонска алијанса и Републиканската партија секогаш постоела и ќе постои соработка. Во политиката на една држава или партија задолжително постојат одредени стратешки интереси кои можат да се реализираат и да се спроведат само со дијалог и со меѓусебна соработка што е во интерес на двете страни“, потенцираше господинот Атанасоски.

Собранието на Република Македонија

Всушност, за признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име исклучително важна и клучна е улогата која ја имаа Македонците во САД и македонското лоби, кое отсекогаш ја поддржувало политиката на Буш и кое застана зад неговата претседателска кандидатура.

За потсетување, спорот за употребата на името Македонија се појави по референдумот за независност на државата во 1991 година, а кулминација доживеа во 1993 година по приемот на Македонија во Обединетите нации, под привремено име  Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), во периодот кога Грција воведе трговско ембарго и ја затвори границата со нашата земја.

Во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност број 817 од 1993 година, двете страни се повикаа да продолжат да бараат решение за спорот со името, но за почетна точка во нормализацијата на односите меѓу двата соседа се смета октомври (листопад) 1995 година, кога како резултат на елинските притисоци Македонија го смени државното знаме.

Со времената спогодба потпишана истата година Грција и Македонија ги одмрзнаа односите и се обврзаа да почнат преговори под покровителство на Обединетите нации. Но, за жал, долгите преговори во Њујорк не донесоа речиси никакво приближување во ставовите околу името.

По одлуката на Соединетите Американски Држави да ја признае Македонија под уставно име, елинската машинерија, власт и фанатичните противници на Македонија останаа без зборови, запрепастени и нервозни. Тешко можеше да се опише состојбата во Атина откако Стејт департментот официјално ја извести грчката влада дека САД  меѓународно  и  трајно  ја  призна  Македонија под нејзиното уставно име.

Насловите како „Буш, кумот на Скопје“, „Нож во грб од САД“, „Политички  криминал  на  САД“  ја  одразуваше климата во грчките весници. Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливјатис мораше да го откаже патот во Брисел и да му врачи официјален протест на американскиот амбасадор во Грција, Томас Милер. Притоа, Моливјатис изјави  дека  одлуката на американската влада ќе има повеќестрани негативни ефекти врз дестабилизирањето на регионот.

ПАСОК, главната опозициска партија, ја обвини конзервативната влада на Нова демократија за уништување на меѓународниот углед на Грција. Поранешните министри Теодорос Пангалос и Васо Папандреу беа многу саркастични велејќи дека македонското прашање кое доведе до паѓање на владата на Мицотакис во 1993 година и тогаш го предизвика истото со власта на Караманлис. Реагираа и  двете  помали  партии  во  грчкиот  парламент – Комунистичката партија (ККЈ) и Централно левата партија, при што и двете ги критикуваа САД за  нивната  акција.

Длабока  загриженост  изра- зи и архиепископот   Христодулос. Поранешниот министер за надворешни работи, Пангалос, одлуката на американската администрација ја нарече нечесна, додека членот на Европскиот парламент, Беглитис, изјави дека признавањето на името ќе се одрази на стабилноста и на безбедноста на Балканот.

По сè изгледа, повеќето од граѓаните на Грција со текот на времето како да заборавија дека постои проблем со името, иако многумина од нив учествуваа на демонстрациите во 1992 година во Атина и во Солун. Членовите на Централниот одбор на Виножито, Партијата на Македонците кои живеат во Грција, пак, изразија надеж дека ваквото признавање нема да доведе до будење на ултранационализмот во Грција и кај владејачката Нова демократија.

Печатените и електронските медиуми во Атина во тој период ја сметаа Владата на САД за главен виновник за хаосот на грчката политичка сцена. Телевизискиот дуел меѓу владиниотпортпарол Теодорос Русопулос и претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу, во јавноста остави впечаток дека земјата се обидува да открие кој е помалку виновен според нив, за непријатниот настан, наместо да се соочи со фактите.

Сликата беше влошена од изјавата на претседателот Константинос Стефанопулос, кој истакна дека Грција сè уште има ексклузивно право на името Македонија, мислење кое досега преовладуваше само меѓу водачите на Грчката православна црква. Луѓето во Грција беа збунети и не можеа да сфатат како може нивната земја да биде толку дипломатски слаба и да претрпи уште еден голем пораз од малиот сосед. Беше толку слаба што притоа владата беше принудена, за жал, и голем срам, да го употреби последното оружје, за да избегне натамошни изненадувања во ЕУ – вето.

Првиот тест на јавното мнение во Солун беше за време на демонстрациите, организира- ни од ултранационално-фашистичката партија ЛАОС. Помалку од 2.000 жители на Солун беа собрани пред статуата на Александар Македонски, за да протестираат против Актот на САД и да изјават дека Македонија може да биде само грчка.  Демонстрациите од  кои  се  стравуваше се претворија во фијаско. Настанот беше толку блед што го мотивираше организаторот, лидерот на партијата  ЛАОС Јоргос Каѕаферис, да го заврши за еден час и да го откаже маршот до американскиот и до македонскиот конзулат.

Во Скопје, во Република Македонија, Македонците достојно го одбележаа тој исклучително значаен настан. Под мотото „Збогум бивша, збогум југословенска, добар ден Република Македонија“, на плоштадот „Македонија“ се собраа 190 граѓански организации со илјадници претставници да го прослават признавањето на уставното име на Македонија од страна на САД.

Во пораката упатена до американскиот претседател Џорџ Буш и до претставниците на САД во Македонија, предводени од амбасадорот Батлер, присутните на плоштадот им се заблагодарија на признавањето. Невладините организации ѝ порачаа на Грција да биде добар сосед, пријател и предводник на македонскиот пат кон Европа.

Благодарност беше упатена и до сите 100 држави, кои дотогаш ја признаа Република Македонија под уставното име, а организаторите не ги заборавија ниту сите досегашни македонски претседатели, премиери, претседатели на Собранието и министри за надворешни работи. Покрај големиот број македонски и американски знамиња, како и поврзани знамиња на САД, Грција, Европската унија и Македонија, на мити гот немаше партиски знамиња.

По повод одлуката на Соединетите Амери- кански Држави во билатералните односи со Република Македонија да го користи нејзиното уставно име, претседателот на Македонска алијанса Џорџ Атанасоски испрати благодарствено писмо до неговиот имењак, претседателот Џорџ Буш во кое пишува:

Претседател  Џорџ Буш

Бела куќа – Вашингтон

8 ноември, 2004

ДРАГИ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ БУШ, 

Во името на сите Македонци низ светот и од сите членови на Македонска алијанса, македонскиот  народ Ви се заблагодарува за поддршката која ни ја дадовте околу нашите напори да станеме препознатливи како народ на Република Македонија.

Како што знаете, по тринаесет долги години во кои бевме третирани како непостоечки граѓани на светот и опседнати од Атинската политика и терор, ние сме ослободени со донесувањето  на Вашата одлука за прифаќањето на Македонија  според нејзиното уставно име.

Преседанот кој го направивте, Господине Претседателе, за македонскиот народ во Македонија и околу светот значи многу и би сакал лично да Ви се заблагодарам за Вашата поддршка.

Искрено Ваш

Џорџ Атанасоски

Претседател на Македонска алијанса

На 27 октомври (листопад), пак, во Македонскиот културен центар во Њујорк се одржа настанот насловен како „Macedonian business networking“ во организација на Сојузот на стопански комори. Делегација составена од стопанственици  од  Сојузот  на  стопански  комори- претставници на фирмите „Тинекс“, МЗТ „Пумпи“, „Логин системи“, „КА ДИС“, „Лиска“, „Сива канет компани“, АД „Џумајлија“ беа домаќини на стопанственици од САД, претставници на трговски комори, инвеститори од Вол стрит, медиуми, како и професори на влијателни универзи тети. И на овој настан присуствуваше господинот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, како еден од поуспешните Македонци, бизнисмени во САД.

Покрај истакнатиот бизнисмен Атанасоски, македонската делегација беше засилена со познати личности, кои работат во САД, како Мајк Зафировски, претседател и главен извршен директор на Nortel Networks, режисерот Милчо Манчевски и други. На деловниот настан присуствуваше и владината делегација предводена од министерот за труд и социјална политика Стевчо Јакимовски, Владо Димовски, советник во Владата на Република Македонија и Игор Џундев, амбасадор во ООН. Ова збиднување овозможи да се воспостават нови деловни релации и согледување на можностите за пробивање на македонските производи и услуги на американскиот пазар.

Продолжува

Пишува:СЛАВЕ КАТИН