Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави февруарскиот бр. 65 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура и кое успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. .
Сисанието „Повод“ е значајно иселеничко гласило кое го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во чија редакција:се: Душан Ристевски-Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски и Славе Катин (Македонија). Технички уредник и дизајнер е Александар Донски.
Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Гроздан Јовановски од Австралија. Тој е роден на 02.02.1942 година во селото Подржикоњ, Крива Паланечко. Завршил средно техничко училиште во Велес. На печалба заминал за Германија во 1970 година а потоа се преселил во Њукастел, Нов Јужен Велс, Австралија, во 1973 година каде работел 30 години во Топилницата на железо во овој град. Пишува поезија уште од млади години, а негови песни повеќето посветени за деца и младинци, повеќе пати се наградувани на традиционалниот конкурс за „Прличева награда“на МЛД во Сиднеј. Застапен е со песни во зборникот „Коти на копнеж и страст“ (2003). Член е во Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Автор е на збирките поезија „Во младоста има радост“ (2011) и „По свет за малку среќа“ (2017).
Во продолжение на овој број на списаниетo „Повод“ се дадени резултатите за минатогодишниот награден конкурс за „Прличева награда“ што Литературното друштво „Григор Прличев“ традиционално го организира за последните 46 години, На овој конкурс пристигнале 39 дела, кои се дадени во продолжение: Поезија за возрасни, Поезија за деца, Раскази за возрасни и Раскази за деца.
Прво наградена песна за возрасни ја доби Ристо Галевски со „Песна за Битола“, втората наградена песна за возрасни ја доби Наум Трајчески со „Споменик на љубовта“, а трето наградена песна за возрасни ја доби Наум Трајчески со „Туѓина ќе одам“, Потоа, прво наградена песна за деца ја доби Гроздан Јовановски со „Лакомост“, второ наградена песна за деца е на Гордана Димовска „Желба“, а трето наградена песна за деца ја доби Оливера Јовановска со „Пресликување на годините“. Прво награден расказ за возрасни: е на Гордана Димовска „Баба Илина“, второ награден расказ за возрасни ја доби Џорџ Гроздановски со „Мајка“, а трето награден расказ за возрасни е на Оливера Јовановска „Ноќва мислам само на него“. Прво награден расказ, пак, за деца ја доби Гордана Димовска со „Грижа“, второ награден расказ за деца е на Оливера Јовановска „Мразулци на балконите“, а трето награден расказ за деца е на Љубица Поповска „Уплав“.
Во продолжение Весна Дамчевска го презентира текстот „Матурска вечер во Мелбурн, Викторија“ Имено, со свечена цермонија на 08.12.2023 година во градината на рецепцијата Шелдон, се прослави матурата по македонски јазик на учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во саботните училишта при Викториското Училиште за јазици во Викторија. Водител на програмата биле наставниците од саботниот центар Килор Даунс и Менде Ризанов. Свечаноста со поздравен говор ја отвори претседателката на Учителското друштво од Викторија, Јованка Смилевска, која им ја честита матурата на сите матуранти и изрази благодарност за присуството на специјалните гости на овој значаен ден за македонскиот јазик и Македонците во Мелбурн.
Потоа, Душан Ристевски – Македон го презентира текстот за успешната донаторска вечер за изградба на иконостас во манастирот „Св. Лидија Македонска“ во селото Поешово, недалеку од Битола. Во текстот, меѓу другото се вели дека на 16 декември 2023 година во организација на Македонското социјално друштво „Битола“ од Сиднеј во просториите на Македонскиот спортски клуб „Илинден“ во населбата Рогдаел, успешно се одржа Донаторска вечер по повод изградбата на иконостасот во манастирот „Св Лидија Македонка“ во село Поешево, Битолско.
Иван Трпоски, пак, многу живо ја опишува црковната манифестацијат „Богојавление – Водици“, оддржан на 19.01.2024 година, што гоорганизираа православните верници и го прославија еден од најзначајните христијански празници. Македонските православни цркви „Св. Кирил и Методиј“ од населбата Розбери и „Св. Никола“ од населбата Кабрамата со нивните свештеници, протоереите Наум Деспотоски и Игор Младеновски, традиционално крстот го фрлаат во морските води на заливот Ботани Беј во месноста Долс Поинт во Сиднеј.
Исто така, Иван Трпоскиго го презентира текстот за чествувањето на Гоце Делчев на 2-ри февруари 2024 година во просториите на Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, каде членовите на Друштвото ја чествувале 152 годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер и борец за ослободување на Македонија од турското робство, апостолот Гоце Делчев
Авторот на овие редови, Славе Катин го објави текстот за литературните остварувања на канадскиот Македонец Алексо (Леко) Лозановски. Во текстот се вели дека народниот творец и поет Алексо (Леко) Лозановски, како и голем број Македонци во иселеништвото е афирматор и чувар на македонскиот јазик, културата, обичаите, религијата, и во целина на древните корени на Македонија. Тој е Преспанец кој живее во Торонто над педесет години, но со срцето и душата е во Арвати, Битола, во неговата Македониј
Во продолжение познатиот македонски поет од Германија Саво Костадиновски се претставува со дел од неговото богато творештво, со песните „Прличев“ „Гоце“, „Ѓорѓија Пулески“, „Коле Неделковски“ и „Кирил Пејчиновиж“. Исто така и Иван Трповски во рубриката „Еден поет – една песна“ ја претставува песната „Гоце Делчев“ на поетот Наум Пауноски
Oливера Јовановска, пак, го презентира текстот за промоцијата на алманахот „Хероите на Македонија“, што се оддржа на 28 декември 2023 година во Скопје. Со ова издание се потврдува дека хероите никогаш не умираат. Со секој посветен стих за нив тие се овековечени и живеат во сите нас. Во Алманахот се застапени поети од Македонија и од повеќе европски држави како и од Австралија, претставени се поетите Оливера Јовановска и Иван Трпоски и нивните песни „Патешествие“ посветена на Драган Богдановски и песната „Вечно сеќавање“ посветена на Елпида Караманди.
Исто така, Александар Донски го објави текстот под наслов „Од творештвото на младата македонска сликарка Мирјана Николов од Германија“, во кој е забележано дека таа е родена во 1989 година во Штип, но од својот втор роденден живее и работи во Германија, поточно во Баварија. По струка е медицинар, но нејзина голема љубов е сликарството. За себе вели дека уметноста и духовните теми ја интересираат уште од најрана возраст, а со текот на времето почнала и посериозно да се занимава со сликарство.
Виктор Бивел, пак, го објави текстот на англиски јазик за децата од Грчката граѓанска војна: под наслов “Бегалците и политиката на меморијата“ од Лоринг М Данфорт и Рики ван Бошотен (дел 2). Тој пишува дека би било интересно да се знае колку од децата чија репатријација беше одложена се Македонци, а колку Грци. Тоа што првата група на деца што беа вратени во татковина беа испратени во Лерин, сугерира дека значителен број од нив биле македонски деца. Оваа прва репатријација беше со армиски камион на 3 јуни 1950 година.
Потоа се поместени два текста на македонски и на англиски јазик од Обединета македонска дијаспора (ОМД) под наслов „Подржетеја ОМД Австралија да продолжи да финансира часови по македонски јазик во Егејска Македонија“.
Треба да се одбележи дека Душан Ристевски – Македон во рубриката „Нов проект“ го објави текстот под наслов „ Сензационални досега непознати во нашата јавност сведоштва за теророт над Македонците за време на Ѓраѓанската војна во Грција “. Гордана Димовска, пак, го бјави текстот под наслов „Бугарија и нејзиниот народ во Балканските војни“ од Вил Сејмор Монро, а Александар Донски го објави текстот „Одделното седење на мажите и жените за време на веселбите на античко-македонски обичаи“, додека текстот „Тестаментот на Аристотел“ е од Ангелина Маркус
Од областа на културата се објавени текстовите „Нов филм од Лила Мицевска“, Австралијанка, по потекло од Македонија која живее и работи во Сиднеј, Австралија. Исто така е поместен текстот „Мистерија кого никого нема да го остави рамнодушен“! Исто така, е објавен текст за краткометражниот игран филм „Јана“ од Александар Донски. И на крајот е поместен информативниот текст на Македонско литературно друштво „Григор Прличев“ под наслов: „ Можност да ги објавите вашите книги преку МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија“, со што, за февруари оваа година, се заокружуваат активностите на Македонците во демократска и мултикултурна Австралија.