Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи, се со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност, како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.
Реформите во правосудниот систем, администрацијата и службите за безбедност, треба да резултираат со независно и одговорно судство, мала и високо професионална администрација и тајни служби како гарант на безбедноста и заштита на човековите права и слободи.
Во оваа насока вклученоста на опозицијата во реформските процеси треба да резултира и со посложени и комплексни промени, пред се, градење на политички консензус за намалување на вкупниот број на пратеници (на 90), намалување на бројот на министри, укинување на бројните агенции и регулаторни тела, како и намалување на администрацијата (најмалку за 30%).
Демократскиот сојуз смета дека имплементацијата на Владината програма за промени и реформи се соочува со “системски опструкции”, покрај другото и поради идеолошката определеност на високо етаблираната администрација во државните институции.