Агелер: Будно ќе ги следиме изборите, но и дали има мешање од странство

Северна Македонија е во Европа. Треба да биде во ЕУ. Заслужува целосна евроатлантска интеграција. Потребни и се поотворени пазари. ЕУ е светлата иднина на државава, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, која се надева дека ова прашање ќе биде поставено за време на изборите. 

Агелер во интервју за Клик Плус на ТВ 21 рече дека тие будно ќе ги следат изборите, но исто така будно ќе следат и дали има мешање од странство. 

– Искрено немам одреден став за претседателските избори. Мислам дека е логично што вториот круг од претседателските избори ќе биде заедно со парламентарните избори. Супер е. Будно ќе следиме се. Постои интересна динамика помеѓу партиите меѓу албанските партии. Сите избори ги следиме будно, но следиме и дали има мешање од странство, вели Агелер. 

Одговарајќи на прашање дека во последно време се почесто се слуша од политичките партии на Албанците прво уставни измени, па потоа формирање на Влада, Агелер вели дека слушнала неколку опции за тоа како би било возможно. 

-Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно.  Верувам! Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка Влада. Една од работите кои јас ги научив, служејќи овде е дека сè е возможно, рече американската амбасадорка. 

The United States Ambassador to North Macedonia, Angela Aggeler, said in an interview Thursday that the fight against corruption in the country takes courage. According to her, now is a great

Според неа, треба внимателно да се слуша како лидерите ја опишуваат својата визија за иднината.

– Сите гласачи ги поттикнувам внимателно да слушаат што кажуваат сите, не само лидерите на најголемите партии туку и албанските партии, пратениците, кандидатите на гласачките ливчиња. Внимателно слушајте како ја опишуваат својата визија за иднината оти тоа им е важно на гласачите, вели Агелер и додава дека таа така прави во нејзината држава.

И откако ќе ги поставите тие тешки прашања, посочува таа, „народот ќе одлучи дали визијата на личноста соодветствува со тоа што јас го сакам за своето семејство“.

-Одлучувам чии идеи најмногу се поклопуваат со моите, додава Агелер.

Во интервјуто за ТВ 21, американската амбасадорка одговараше и на прашање зошто американските власти не ги дале доказите за лицата ставени на нивната црна листа. Агелер потенцира дека тоа е така зашто приватноста е загарантирана со законите на САД.

– Не можеме да ви ги дадеме доказите што ги имаме. Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме ако ги отвориме случаите и ги споделиме доказите. Но поголем дел од тие докази, не сите, оти дел беа од извори во САД… Поголем дел од доказите се од овде, од оваа држава, посочи таа. 

Ако американските дипломати успеале да соберат информации и да дојдат до докази, вели Агелер, можат и истражителите, обвинителите или кој било од полицијата, или судството од државата.

-Ако можеме ние да најдеме, тогаш можете и вие, рече таа.   

На прашањето дали до изборите ќе има нови лица на црната листа, Агелер рече дека „важно е луѓето да сфатат дека ние овде во Скопје не одредуваме кој кога ќе биде ставен на црната листа“.

-Последниот пат ставивме луѓе на црната листа кога Вашингтон ја заврши постапката, а така ќе биде и во иднина, вели амбасадорката.