ВМРО-ДПМНЕ: Водостојот на Охридското Езеро секојдневно се зголемува

Охридското езеро подолго време е над дозволената кота. А, од пред некој ден повторно се излеa по крајбрежјето. Тоа и во континуитет се случува и овие денови, но сега и без помош на ветерот. Водостојот на Охридското секојдневно се зголемува и ги загрозува сите крајбрежните објекти.

Она што е интересно од пред некој ден, се излеа и езерото Глобочица. Имаме сериозен прелив како што можете да видите од сликата. Оваа непреработена вода во генераторите на ХЕ „Глобочица“ е директна загуба која на дневна основа изнесува илјади евра. Раководството на ЕЛЕМ може за еден ден да „пушти по вода“, онолку колку што Владата се фали дека наводно заштедила за месец дена на кафиња и ручеци.

Недозволиво е еден врзан систем на акумулации, да Охридско езеро и Глобочица прелеваат, а во исто време да да имате огоромен празен простор во акумлацијата на Шпиље. Ова укажува на неправилен ангажман на хидроцентралите.

Како поткрепа на ова, Ви презентираме и графици со производство на електрична енергија по денови на ХЕ „Глобочица“ и ХЕ „Шпиље“ од Нова година до 26.03.2018 година.

Од графиците се гледа дека ниту Глобочица ниту Шпиље работат со полн капацитет речиси во целиот месец јануари. ХЕ „Шпиље“ има речиси двоен капацитет, дупла е поголема од ХЕ „Глобочица“, али во одреден период произведува дури и помалку од ХЕ „Глобочица“. Истата почнува да работи на максимум дури во втората половина од месец февруари, кога веќе е доцна да се избегне она што ни се случува сега.

Празниот простор во Шпиље, е речиси 6 метри во моментов, а заедно со флексибилноста на ХЕ „Шпиље“ за дополнително намалување на котата на езерото, е повеќе од доволно да го прифатат целокупниот вишок на вода во Охридското езеро.

Претходното излевање, но и овие кои се случуваат деновиве, ќе се избегнеа доколку раководството на ЕЛЕМ знаеше да управува со водниот потенцијал. Повторуваме дека просторот во акумулацијата во Дебарското езеро е повеќе од доволен да го прифати целиот вишок на вода од Охридското езеро.

Бараме раководството на ЕЛЕМ да гарантира за целосно обештетување на граѓаните, со понесување на одговорност за настанатата ситуација.