Рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид да се пролонгира до крајот на 2026 година, предлага Владата

До крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид предлага Владата, која денеска на седница утврдила предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Сунохидро“.

-Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информира владината прес-служба во соопштение по седницата. 

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, за по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена да достигне 598 милиони евра. 

На крајот на минатата година ресорното министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот „Сајнохидро“, продолжување на договорот со пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.

Во завршна фаза е изборот на надзор и правен консултант што ќе ги води преговорите заедно со веќе формираниот Комитет од страна на Владата за проектот за изградба на Коридорот 8, кој е значае

На владина седница одржана пред новогодишните празници беше усвоена Информацијата за Договорот за изградба на автопатот, со препорака за продолжување на активностите со доизградба, и тоа преку склучување анекс на договор со „Сајнохидро“ за продолжување на рокот за изведба со искористување на веќе обезбедените финансиски средства.