ГРЕКО го комплетира четвртиот круг на евалуација за Северна Македонија: 14 препораки задоволително имплементирани, четири делумно, а една неимплементирана  

Северна Македонија бележи напредок во имплементацијата на препораките од Извештајот од четвртиот круг на евалуација на Групата на држави за спречување на корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа, се наведува во второто дополнение на Вториот извештај за усогласеност на земјава во спроведување на препораките што се однесуваат на спречување на корупција меѓу пратениците, судиите и обвинителите, со што се комплетира постапката за овој евалуациски круг. 

Во дополнението на Извештајот се оценува дека 14 од 19-те дадени препораки се имплементирани во задоволителна мера или по нив е постапено на задоволителен начин, за четири дека се делумно имплементирани, а само за една од препораките е дадена оценка дека не е имплементирана.  

ГРЕКО во Извештајот посочува напредок во однос на рационализирањето на Кодексот за етичко однесување на пратениците, како и на изработката на програма за обука на пратениците за примена на Кодексот и за идно подигање на свесноста за стандардите поврзани со етиката и интегритетот.  

– Се уште се работи на други промени. Ќе се обрне особено внимание на доверливото советување и менторство во идниот нов собраниски Деловник, а интерните правила за Законот за лобирање се во подготовка во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието. ГРЕКО изразува жалење што нема подобрување во поглед на системот на санкционирање предвиден со Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се наведува во текстот. 

Во делот на судството, ГРЕКО ја повторува својата загриженоста во врска со членството по службена должност на министерот за правда во Судскиот совет, додека кога станува збор за обвинителите, единствената преостаната препорака се однесува на проширување на опсегот на санкции кои се достапни за дисциплински повреди, при што се посочува дека македонските власти најавиле дека таа ќе биде земена предвид при изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителство.  

– За таа цел, ГРЕКО би сакал да ги охрабри властите да го сторат тоа што е можно поскоро се вели во Второто дополнение на извештајот. 

Групата држави против корупцијата (Греко) на Советот на Европа во денеска објавениот извештај нагласуваат дека во Франција опстојуваат „сиви зони“ во борбата против корупцијата и го повикаа П

Како дополнително имплементирани во задоволителна мера или дека по нив е постапено на задоволителен начин во однос на претходниот извештаен документ се оценети препораките кои се однесуваат на изготвувањето на Кодекс на однесување за членовите на Собранието што ќе биде лесно прифатлив за јавноста и на воспоставување на собраниски механизам за негова промоција, како и за јасно дефинирање на дисциплинските повреди од страна на судиите и проширување на опсегот на санкции, при што разрешување на судија да биде возможно за најсериозните повреди со цел да се спречи можноста тој да биде разрешен само доколку се утврди дека со неговата одлука се прекршува правото на судење во разумен рок. 

Во извештајот како задоволително имплементирани се оценети и препораките за воспоставување сет на јасни стандарди за професионално однесување на обвинителите придружени со појаснувачки коментари и/или практични примери и за утврдување на правила и стандарди за обвинителите во однос на прифаќањето на подароци и други предности и воспоставување соодветен надзор на нивна примена. 

ГРЕКО смета дека во задоволителна мера е имплементирана и препораката за воспоставување соодветни правни, институционални и оперативни мерки кои ќе обезбедат поцелосна проверка на изјавите за интереси и анкетните листови поднесени од страна на пратениците, судиите и обвинителите, особено со реструктурирање на процесот на верификација под водство на Државната комисија за спречување на корупција. 

Како делумно имплементирани се оценети препораките за воспоставување на интерни механизми и водичи во рамките на Собранието за превенцијата од судир на интереси и прифаќање на подароци и други погодности, за воведување на правила за односите на пратениците со лобисти и трети лица кои настојуваат да влијаат врз законодавниот процес, за обезбедување соодветни законски санкции и активности за сите на повреда на правилата од страна на пратениците, како и за ревидирање на дисциплинскиот режим за обвинителите со цел јасно дефинирање на повредите, проширување на опсегот на санкциите и обезбедување услови за разрешување на обвинителите само за најсериозните случаи на повреди. 

Според ГРЕКО, земјава досега не ја имплементирала само препораката за зајакнување на независноста на судството од „несоодветно политичко влијание“ и укинување на членството на министерот за правда во Судскиот совет по службена должност. 

Извештајот за евалуација за четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО за земјава е усвоен на 6 декември 2013 година, а беше објавен на 17 март 2014 година. Првиот извештај за усогласеност е усвоен на 1 јули 2016 година, а беше објавен на 12 октомври истата година.  

Вториот извештај за усогласеност, пак, е усвоен од страна на ГРЕКО на 22 јуни 2018 година, а објавен на 9 август истата година. Во него беше заклучено дека земјава во задоволителна мерка имплементирала или постапила на задоволителен начин по шест од 19-те препораки содржани во Извештајот од четвртиот круг на евалуација.  

Групата земји против корупцијата на Советот на Европа (ГРЕКО) денеска предупреди на ризиците од пораст на корупцијата поради пандемијата со Ковид-19 во секторот здравство и апелирапше до држа

ГРЕКО тогаш оцени дека нивото на усогласеност е „генерално незадоволително“, па одлучи да примени постапка за „неусогласеност“. 

Во Времениот извештај за усогласеност усвоен на 25 септември 2020 година, а објавен на 2 следниот месец, ГРЕКО заклучено дека земјава имплементирала во задоволителна мера или постапила на задоволителен начин по девет од 19-те препораки, по што нивото на усогласеност веќе не беше оценето како „генерално незадоволително“, па беше прекината „постапката за неусогласеност“. 

Во Првото дополнение на Вториот извештај за усогласеност усвоен на 25 март 2022 година, а објавен на 4 јули истата година, беше оценето дека е остварен „скромен напредок“. За девет од 19-те препораки беше оценето дека се имплементирани во задоволителна мера или по нив било постапено на задоволителен начин, за други девет препораки дека се делумно имплементирани, а за една препорака дека не е имплементирана. 

По ова македонските власти на лани на 5 април до ГРЕКО доставија Ситуациски извештај со дополнителни информации во врска со преземените мерки за имплементирање на преостанатите 10 препораки, врз основа на кој е изработено сегашното Второ дополнение на Вториот извештај со најновите оценки за усогласеност. 

Известувачи на ГРЕКО за оценка на усогласеноста се Ерменецот Татевик Хачатријан во делот на собраниските препораки и за Данецот Јонатан Гасехолм во однос на судските и обвинителските институции. 

– Со усвојувањето на ова Второ дополнение на Вториот извештај за усогласеност се комплетира постапката за четвртиот круг на евалуација на Северна Македонија. Сепак, властите на Северна Македонија можат да го известат ГРЕКО за идни промени во однос на имплементацијата на преостанатите препораки. Конечно, ГРЕКО ги повикува властите на Северна Македонија да го одобрат, што е можно побрзо, објавувањето на Извештајот, да го преведат на националниот јазик и да го објават преводот, се нагласува во документот.