ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН Инаку, овој е последниот текст што „Нова Македонија” го објави додека Атанас Близнаков беше жив. Тој е објавен во саботниот број на „Нова Македонија” од 31 мај 1997 година, чиј автор е Фиданка Танаскова, со поднаслов ,,Наместо портрет: Атанас Близнаков, големиот донатор”, а со наслов: „Сага за доблеста“.,,Рамноврсникот на овој век – родениот д’мбенец, ценетиот американски Македонец и со децении беше скопјанец, Атанас Близнаков, наближува кон своите 97 години, што е безмалку столетен животек, каде што упатените проследувачи сместуваат една голема човечка сага на возвишената доблест.Станува збор за нашинецот, кој пред повеќе од две децении понуди пари и се формира Фондацијата „Атанас Близнакоф”, сега веше ,,тешка” 2,5 милиони американски долари, дарени на Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј” од Скопје, а наменети исклучиво за стипендирање на талентирани и добри студенти низ сите негови високошколски институции.И да се потсетиме, низ еден мал хронопис, за хуманистот и донатор Близнаков:Своите печалбарски врвици ги почнува од дваесетте години на овој век, кога стори ниет да киниса кон далечните прекуокеански западни простори. А наеше дека оди по пат на неизвесност, дека влегува во вриежот на новото и нему непознатото. Знаеше дека нема да му биде лесно во туѓина. Но, кршното момче реши и стори, храбрено од сопствената упорност, истрајност и увереност дека кога-тогаш мора да се успее.Преку глава му беа немаштијата, теророт, посегањата и заканите по националното чувство и вистината. А, тој се гордееше дека е Македонец и дека таа припадност ќе може најслободно да ја каже, да ја афирмира и да се гордее со неа.Од беломорскиот дел, преку францускиот брег со параходот заминал кон источните американски доселенички влезни порти. Пристигнал во Медисон, во државата Илиноис, а малку подоцна и дефинитивно се населил во Гери, Индијана, град сместен крај езерото Мичиген, каде што останал с# до конечното заминување од Америка и враќањето во својата родна земја, Македонија.Неговиот животен пат е зачудувачки богат и несекојдневно компониран мозаик со толку многу и тешки, но и убави моменти. И ког аимело премрежија и проблеми, тој умеел да застане стамено и неотстапно. Тешко оти можело нешто така бргу да го поколеба упорниот Македонец: бил вистински борец во секоја ситуација. Со својата снаодливост, трудољубие и умеење Атанас Близнаков направил толку многу во Соединетите Американски Држави и за себе, но и за своите собраќа кои во овој дел од светот заминале трагајќи по заработка и по едно подобро утре.Близнаков и губеше, но повеќе добиваше. Се занимаваше со разни бизниси. Ги следеше берзите, купуваше акции и недвижности, умееше често од ништо да создаде нешто. А создаде многу. И никогаш не заборави на хуманоста и солидарноста. Никогаш не престана да помага и да придонесува за доброто на своите во татковината од која му се корените.Беше активен член на Македонско-американскиот народен сојуз, МАНС, кој во тоа време водеше задгранична, решителна борба на свој начин, се разбира, против реакционерниот режим на Балканот. Темелната одредница на МАНС беше – слобода на Македонија, изградба на општество во кое ќе има мир, посреќен живот и иднина. Меѓутоа, Близнаков беше и прв човек на Болничкиот комитет, кој како и на други места во големата далечна земја собираа донаторства за помош во изградбата на болничкиот блок во Државната болница во Скопје; еден е од основачите на друштвото „ Александар Македонски”, кое беше меѓу најупорните за формирање на првото македонско светилиште на целиот Северноамерикански континент, со седиште во Гери, во државата Индијана.Во Америка, во тоа време, поточно во првата половина од овој век и потоа – изјави не толку одамна во еден разговор Атанас Близнаков – како македонски етникум, бевме многу упорни и правевме големи напори за што подобро самоорганизирање. Голема група ентузијасти не ги штедеа силите и времето. Работевме неуморно, иако на беше лесно да се премостат и да се постават на свое место многу работи. Бевме истрајни, особено кога стануваше збор за самосознавањето на Македонците, за зацврстувањето на националната свест, за развивањето на патриотизмот, и мора да се каже – многу успеавме. За срќа, резултатен беше сиот тој вложен труд и голем напор – задоволно коментираше Близнаков, поткрепувајќи ја оваа своја констатација со недоброени факти и видувања. ![]() Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |