Радио Слободна Европа прогласена за „непожелна организација“ во Русија

Радио Слободна Европа соопшти дека е прогласена за „непожелна организација“ во Русија.

– Овој обид да не задуши само ќе направи Радио Слободна Европа/Радио Слобода да работи уште понапорно за да му донесе слободно и независно новинарство на рускиот народ, наведе директорот на медиумската организација Стивен Капус.

Радио Слободна Европа претходно од Кремљ беше прогласена за „странски агент“, ознака која им се доделува на поединци, медиуми и организации што се финансираат од странство.

Радио Слободна Европа е приватна непрофитна организација финансирана од американскиот Конгрес и ги продуцира радиопрограмата на руски јазик Радио Слобода и телевизискиот канал Сегашно време од нејзиното седиште во Прага.