Следните две недели се очекува партиите да ги финализираат анализите и да ги објават имињата на кандидатите за претседател на државата

Во следните две недели се очекува политичките партии да ги финализираат нивните анализи, преговори и мерења на кандидатите и да ги објават имињата на кандидатите за претседател на државата кои се закажани да се одржуваат на 24 април. Изминативе денови, лидерите на политичките партии единствено што информираат е дека „кругот се стеснува“, но не објавуваат јавно ниту кои кандидати се влезени во најтесниот круг. Претседателот на Собранието Јован Митрески вчера попладне ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај. Државната изборна комисија (ДИК) веќе од денеска натаму ,треба да ги потврди официјалните законски рокови кои ќе и претходат на подготовката за изборите.

Кандидат за претседател, досега промовираше само „Левица“, професорката Билјана Ванковска. И лекарот Вело Марковски како независен кандидат ќе собира потписи за да си ги „одмери“ силите во претседателската трка. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски нагласи дека за околу пет до десет дена од сега ќе ја донесе одлуката дали ќе се кандидира за втор мандат.

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата,

СДСМ веќе најави дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател, додека неофицијално се говори дека партијата го мери рејтингот меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и секретарот на партијата Миле Зечевиќ. Се очекува нивниот кандидат да биде консензуален и да ја добие поддршката и од другите владејачки партии.  

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој ја извршува и функцијата потпретседател на СДСМ, минатата недела откри дека има амбиции да стане претседател. Битиќи во телевизиско интервју рече дека тој би можел да биде консензуалниот кандидат. Потенцира дека значителен број партиски ограноци го предложиле за кандидат за претседател.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го потврди името на својот кандидат на партиската конвенција на 2 март. Јавниот  повик за кандидати е отворен до 21 февруари. Во јавноста како најсериозни кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата се спомнуваат професорите Гордана Силјановска Давкова и Александар Спасеновски.

И од Демократската унија за интеграција уште не соопштуваат дали ќе излезат со свој претседателски кандидат или ќе го поддржат кандидатот кој би произлегол од владината коалиција. Во медиумите се шпекулира дека ДУИ ќе излезе со вој претседателски кандидат. Во јавноста се посочува дека претседателски кандидат на ДУИ ќе биде актуелниот министер за надворешни работи и потпретседател на партијата Бујар Османи. Меѓутоа, од партијата ниту демантираат, ниту потврдуваат дали тој ќе влезе во претседателската трка.

Процедурата за избор на шеф на државата

Претседател на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лиде може да биде избрано најмногу два пати. Кандидат за Претседател на Републиката можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници. За шеф на дравата е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за Претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одрува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето.

За жал, како држава, од неодамнешното именување на клубот во Битола според историски докажан соработник на нацистичкиот режим, не извлековме поука. Потребни се итни измени на Законот за здруж

За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите запишани во Избирачкиот список. (Устав на РМ на стр.35).

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за Претседател на Републиката е предлоен еден кандидат, а во првиот круг на гласање не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Изборот за шеф на дравата се први во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Излезноста и бројот на гласови со кои биле избрани претходните претседатели на државата

Годинашните претседателски избори на 24 април ќе бидат седми од незавиноста на државата. Првиот мандат на претседателот Киро Глигоров беше даден врз основа на избор од страна на Собранието на Република Македонија, согласно тогашните уставни решенија.

Првите претседателски избори во Република Македонија се одржани на 16 октомври 1994 година, истовремено со парламентарните избори. На изборите учествуваа двајца кандидати, а победи во првиот круг Киро Глигоров со освоени 715.087 гласови односно 78,4 проценти, како кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Неговиот противкандидат Љубиша Георгиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ освои 197.109 гласови, односно 21,6 проценти.

Вторите претседателски избори во независна Република Македонија се одржаа во 1999 година. Дотогашниот претседател Киро Глигоров не се кандидира на овие избори, а победи Борис Трајковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Во првиот круг на учетвуваа кандидатите – Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили, Тито Петковски, Стојан Андов и Борис Трајковски. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582.808 гласови, а Тито Петковски освои 513.614 гласови, или 52,40 проценти наспроти 46,18 проценти.

Третите претседателски избори во 2004 година се одржаа предвреме поради смртта на претседателот Борис Трајковски. Првиот круг се одржа на 14 април 2004 година, а вториот круг на 28 април 2004 година. На изборите учествуваа четворица кандидати – Бранко Црвенковски поддржан од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ, Зуди Џелили од ДПА. На овие избори победи Бранко Црвенковски со освоени 550.317 гласови или 62,6 отсто, наспроти Сашко Кедев со 329.179 гласови или 37,4 проценти.

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. 

Четвртите претседателски избори се одржаа на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествува седум кандидати – Ѓорѓе Иванов поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од СДСМ, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен кандидат, Агрон Буџаку од ДУИ, Нано Ружин од ЛДП и Мируше Хоџа од ДПА. На овие претседателски избори победи Ѓорѓе Иванов со 453.616 гласови или 63,14 проценти.

Петтите претседателски избори беа редовни, а се одржаа на 13 април и 27 април 2014 година. Истовремено со вториот круг на претседателските избори беа одржани и предвремени парламентарни избори. Вториот круг беше на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. На овие петти претседателски избори победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови. На овие претседателски избори освен Пендаровски и Иванов, учествуваа и Зоран Попоски поддржан од ГРОМ и Илјаз Халими од ДПА.

Шестите претседателски избори се одржаа на 21 април и 5 мај 2019 година, на кои победи Стево Пендаровски со освоени 435.656 гласови или 53.59 проценти. Ова беа првите избори по стапување во сила на Преспанскиот договор со кој беше решен спорот за името со Грција и земјата го доби името Република Северна Македонија. На овие претседателски избори, покрај Стево Пендаровски, учествуваа и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА.