СДСМ: Значително поевтинуваат лековите на позитивната листа

Значително поевтинуваат лековите на позитивната листа, ја зголемуваме достапноста, ги намалуваме трошоците на граѓаните

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат подостапна здравствена заштита и намалување на трошоците за граѓаните.

Со спроведувањето на годишната ревизија на цените на лековите од страна на Министерството за здравство, од следниот месец, лековите од позитивната листа ќе имаат значително намалени цени.

Со ревизијата се намалуваат цените на 336 генерички лекови и на 226 оргинатори, односно иновативни лекови. Тоа значи дека веќе од следниот месец, сите категории на лекови кои се на позитивната листа ќе имаат значително пониска цена.

На тој начин ќе државата оваа година ќе заштеди над два милиони евра бидејќи заштедата кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 993 илјади евра, додека кај оригинаторите, односно иновативните лекови изнесува 1.388.600 евра или севкупно 2.381.600 евра.

Со ова најголема заштеда во лековите до сега, граѓаните ќе добијат поевтини лекови и можност за лекување со нови терапии, а се отвораат и можности за проширување на позитивната листа на лекови.
Ефикасниот здравствен систем, достапноста на здравствените услуги и лекови, како и намалување на трошоците на граѓаните, остануваат врвен приоритет на СДСМ. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на Програмата што обезбедува квалитетни услуги, повисок животен стандард и ефикасна здравствена и социјална заштита за сите граѓани.