Џафери во Брисел на средби со Шарл Мишел и фон дер Лајен  

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Брисел, денеска ќе се сретне со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. 

На оваа своја прва работна посета во странство по стапувањето на премиерската должност, Џафери е придружуван од првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, теми на средбите на Џафери со европските челници ќе бидат приоритетите на Владата во насока на продолжување на евроинтегративниот процес, со фокус на реформите и приоритетите поврзани за Планот за раст на Западниот Балкан, подготовките за претстојните претседателски и парламентарни избори во земјата, како и прашањата од регионален и глобален контекст.  

Во рамки на престојот на Брисел, владината делегација предводена од Џафери ќе го посети и седиштето на Европскиот Парламент, каде ќе оствари средба со група европратеници од редовите на проевропските политички групации. 

Безбедноста и стабилноста на регионот, глобалната сигурност и актуелни случувања во Украина и на Блискиот Исток, беа главни теми на вечерашната средба на претседателот на техничката Влада, Та

Работната посета на Брисел, Џафери ја започна вчера со средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Мирчеа Џоана во седиштето на Алијансата, на која стана збор за безбедноста и стабилноста на регионот, глобалната сигурност и актуелни случувања во Украина и на Блискиот Исток, како и за активниот придонес на Северна Македонија во Северноатлантскиот пакт.   

На средбата Џафери ја потенцира посветеноста на Северна Македонија во одржувањето на стабилноста и безбедноста во Евроатлантската област, не само како фактор на стабилност на Западниот Балкан, туку и со активното учество во мисиите на НАТО во Косово и Ирак и на ЕУ во Босна и Херцеговина и во борбените групи на Алијансата во Летонија, Романија и Бугарија.  

Исто така, беше посочено дека согласно заложбата за инвестиции во одбраната и одлуката од Самитот на НАТО во Вилнус, Северна Македонија од оваа година за потребите на одбраната издвојува средства на ниво од два отсто од својот БДП, од кои 30 проценти се наменети за модернизација на Армијата, а продолжува и со силна поддршка на Украина во борбата против руската агресија.  

На средбата се разговараше и за предизвиците што претстојат во изборниот период, пред се од аспект на справувањето со хибридните закани, дезинформациите и кибер безбедноста.