ЗОШТО СЕ НЕГИРА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА?


Славе Катин

Причината за упорното негирање на Македонците во Бугарија доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци. Со тоа се потврдува стравот на Бугарите од признавање на историските факти за нацијата, јазикот, културата и сите други човекови и државни параметри нa Република Македонија, како и вистината за Македонците во Пиринска Македонија.

Невозможно е да се каже колкав е точниот број на етничките Македонци во Бугарија, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите светски извори се согласуваат дека огромен е бројот на граѓаните на Република Бугарија (дури неколку милиони) кои се етнички Македонци од Пирин, потомци на доселеници од Егејска и Вардарска Македонија, емигранти или бегалци кои својот дом го нашле во Бугарија.

Така, поред пописот на населението во декември 1946 година, во Народна Република Бугарија од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 160.541 лице, односно 70% се изјасниле како етнички Македонци. Изнесените факти ја потврдуваат вистината за Македонците во Бугарија, кои Бугарија вешто се обидува да ги изманипулира. За жал, и за голем демократски срам, според пописот на населението во Република Бугарија од 2011 година таму живеат само 1.654 Македонци, од нив: 561 се населени во Благоевградска област, а 1.163 се со мајчин македонски јазик, додека 1.091 се државјани на Република Македонија кои живеат во Бугарија. Се постапува шрашањето: Каде отидоја Македонците? 

Исто така, факт е дека за време на претседателствувањето на Георги Димитров, во 1947 година биле отворени македонски училишта, библиотеки, театар, биле создадени печатените медиуми, „Пирински весник” и Печатницата „Македонска книга”. Сето тоа било дел од остварените ветувања за правата на Македонците во Бугарија, кои би го зајакнале македонскиот јазик, култура и иднина. Сите тие државни права за етничките Македонци после 11 години биле укинати, а установите затворени во 1958 година, поради политички причини и менување на власта.и владетелите.

Македонското малцинство, во минатото беше официјално признато во Република Бугарија и имаше право да го изучува македонскиот јазик и историја, имаше свои установи и различни организации. Но, по 1963 година, сето тоа беше прогласено за непостоечко и подложено на асимилација како дел од процесот на создавање на „единствена бугарска социјалистичка нација“, а Македонците беа подложени на организиран и систематски прогон, што испрати стотици луѓе во затворите а илјадници беа дискриминирани по друг начин..

Во 1990 година, бил формиран нов весник за македонското малцинство во Бугарија, со име „Народна волја”. Весникот се подготвуваше и се печатеше во Благоевград (Горна Џумаја) на бугарски и на македонски јазик, а Георги Стоев Христов беше сопственик и главен и одговорен уредник на весникот “Народна воља“. Во исто време Георги Христов, до крајот на животот беше борец за македонските права и слободи во Пиринскиот дел на Македонија и пошироко во Бугарија.

1mir21

За одбележување е што во Благоевград е формирана Обединетата македонска организација ОМО „Илинден“ – ПИРИН. Таа е демократска партија во Република Бугарија, која ги штити правата на малцинствата и се залага за децентрализација на државата. Таа е единствената политичка партија која се бори за правата на македонското малцинство во Бугарија. Партијата дејствува главно во југозападниот регион на земјата, познат и како Пиринска Македонија. Таа беше регистрирана како политичка партија во 1999 година и учествуваше на општинските избори во октомври 1999 година, каде што избра пет локални функционери. Но, на 29 февруари 2000 година Уставниот суд во Бугарија го прогласи ОМО „Илинден“ – ПИРИН за неуставна. Ова беше директно кршење на правото на слобода на здружување и правото на слобода од дискриминација.

Бугарската влада одбива да го признае постоењето на големото македонско малцинство во Пиринска Македонија и продолжува да ги крши нејзините основни човекови права. Членови и симпатизери на ОМО „Илинден“ – ПИРИН (политичка партија и организација за човекови права) и ОМО Илинден (организација за човекови и малцински права) се снимени, малтретирани, тепани, казнети, па дури и затворани само поради тврдење на нивниот етнички македонски идентитет.

Стравот од малцинствата во Европскта Унија е надминат. Затоа и во  „новите“ единки, како што е Бугарија треба да се надминат состојбите во кои во минатото се „тргуваше“ со малцинствата во полза на националната „чистота“ на државите. За „чисти“ национални држави во ЕУ зборува само радикалната десница и неонацистите.

Почитувањето на малцинските права е демократски меѓународен стандард, кој треба да биде вграден во внатрешното уредување на секоја земја што се изјаснува за демократска, особено ако е и членка на ЕУ. Значи, на македонското малцинство во Бугарија му припаѓаат правата според стандардите на меѓународното право и Македонија едноставно не може да се откаже од тие права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија.

Меѓутоа, за голема жал и човеков страм, бугарската влада одбива да признае постоење на македонско малцинство во Пиринска Македонија  и воопшто во Бугарија и продолжува да ги крши основните човекови права. Членовите и симпатизерите на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, политичка партија и организација за човекови права и ОМО Илинден, организација за човекови и малцински права се малтретирани, тепани, казнувани, па дури и затворани, едноставно за нивното прогласување на својот македонски идентитет.

1mir212

Прашањето за македонското малцинство во Бугарија е тема што постојано тлее и се разгорува во македонско-бугарските односи. Оваа тема особено добива актуелност по секоја пресуда на Европскиот суд за човекови права во корист на претставниците на македонското малцинство во Бугарија, поради ноторниот факт дека оваа земја не им дозволува да го користат човековото право на здружување и постојано изнаоѓа начини и оправдувања да го одложува спроведувањето на пресудите.

Во однос на пресудите на Европскиот совет за човекови права Бугарија треба да ги спроведе, да го признае македонското малцинство и да му ги овозможи сите права на многубројното македонско малцинство.во Бугарија, бидејќи, според  општото начело секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со конвенцијата да ги спроведува пресудите на судот.

Се чини дека дел од бугарските политичари стануваат поголеми националисти, колку подолго престојуваат во Брисел. Тие таму сознаваат дека немаат што да понудат, освен својот балкански (туристички) менталитет. Забораваат дека сонот за „Голема Бугарија“ барал војни и дека политиката на асимилација оставила трауми кај Македонците. Бугарија е една од балканските држави која уште стравува од Европа, бидејки ЕУ од неа бара да ги признаат малцинствата.

Признавањето на правата на малцинствата го бара Советот на Европа. Затоа, се чини дека Бугарија сепак ќе биде таа што ќе мора да го менува својот устав и да го усогласи со европските стандарди за почитување на човековите права, односно признавање и почитување на правата на малцинствата во својата земја, а не негирање на македонското малцинство во Бугарија.