Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флориан Ќехаја.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше истакнато дека двете држави имаат позитивни и конструктивни билатерални односи, отворен дијалог, меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.
Соговорниците истакнаа дека ќе продолжи посветеноста на двете држави на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена, соработката во доменот на енергетиката и економијата.