Факултетот за странски јазици во Тирана објави дека курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари.
-Почитувани студенти на Универзитетот во Тирана ве информираме дека во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје во Северна Македонија, ве известуваме дека на 05.02.2024 година почнуваат курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет. Овие курсеви се бесплатно за сите студенти на Универзитетот во Тирана, стои во објавата.
Се додава дека наставата по македонски јазик ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот.
-На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање. Воннаставните програми за странски јазици се иновација и повеќе можности за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење, се посочува во објавата.
Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана. Како што потврдија денеска за МИА од македонската амбасада, досега пријавени се дваесеттина студенти.