Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека е можно земјава да биде прва во регионот по инвестиции во батериски системи за складирање електрична енергија. Ваквите инвестиции, како што рече денеска на панелот во рамки на конференцијата „Година на европски можности“, се предвидени со законот за обновливи извори на енергија кој веќе е на ЕНЕР.
Бектеши информира и дека е во тек изградба на нов интерконектор со Албанија, а се предвидува и ново поврзување со Грција, Битола – Евзони, за во месеците кога државава ќе има вишок на производство на електрична енергија, да им даде на Албанија и Грција кои, како туристички места, посебно од мај до октомври, имаат повеќе потреба од струја. Со тоа, напомена, ќе станеме и извозници.
-За законот веќе е одржана и првата јавна расправа. Има коментари од приватниот сектор и од институции. Една од главните работи во законот е складирањето на електрична енергија преку батериски системи. Мислам дека ќе бидемепрви во регионот што ќе почнеме со вакви инвестиции. Тоа ќе биде по принцип на конкурентност, ќе можат и приватни комапнии да направат такви инвестиции. Предвиден е принцип на конкурентост и во изградабата на фотонапонските централи и други видови обновливи извори, рече Бектеши и апелира, сите заинтерсирани страни да учествуваат во јавните расправи и да даваат коментари кои ќе бидат разгледани, а најдборите препораки ќе бидат прифатени и предложени до пратерниците за да бидат изгласани што побрзо.