Грчката поддршка за македонската евроинтеграција и соработката во НАТО, теми на средбата Османи – Филипиду

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во својот Кабинет ја прими грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду. На средбата, како што соопшти МНР, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, соработката во повеќето области и заемната подготвеност за нивно продлабочување.

Разменети биле и мислења за актуелните политички состојби, а биле разгледани и мерките и активностите што ги спроведува Владата во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор.

-Недвосмислената поддршка на Грција за европската интеграција на земјата, соработката во рамки на НАТО Алијансата и други меѓународни организации, како и регионални иницијативи беа исто така теми на разговор на средбата, наведува МНР.