Поддршка од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата

Во Министерството за одбрана денеска министерката Славјанка Петровска ќе се сретне со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир и со амбасадорот Томаж Ловренчич, директор на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност (ИТФ), која ќе ја имплементира поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

По средбата, како што соопштија од МО, министерката Петровска и директорот на ИТФ, Ловренчич ќе потпишат Меморандум за разбирање.