Публикацијата „Избор на трудови“, дело на „Македонска искра“ , печатено во 2023 година на 430 страници на македонски јазик е спонзорирано од бизнисменот Џорџ Атанасовски од САД и д-р Лефтер Манче од Канада. Тоае посветено на објавени трудови за македонското иселеништво ширум светот, за црковно-духовниот живот, за голем број познати личности и други текстови поврзани со етничка Македонија.
Делото „Избор на трудови“ е посветено на публицистичката дејност на Славе Катин, кој е истакнат и докажан новинар, духовен посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, автор на 60 публикации и на околу 5.000 новинарски и други текстови. Рецензенти на моногравското дело „Избор на трудови“ се Душан Ристевски-Македон од Австралија и д-р Џорџ Бранов од Канада. Публикацијата претставува исцрпен осврт за дел од неговите објавени трудови кои се однесуваат на вистината на неговото творештво кое е посветено на македонското иселеништво ширум светот, на црковно-духовниот живот, на потеклото, животниот пат и постигнувањата на голем број познати личности во дијаспората и во Македонија.
Иаку, Славе Катин е познато, признато, уважено и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во македонските заедници во светот, македонските православни општини, цркви и манастири во светот, македонските друштва, информативните гласила и друг вид асоцијации во дијаспората. Славе Катин е борец за самостојна, независна и културно-духовно обединета етничка Македонија и за обединување на македонскиот народ во иселеништвото, особено во Република Македонија.
Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет и две публикации, од кои 22 со името Македонија, 19 монографии за познати личности од дијаспората и Македонија, 7 лексикографски изданија, потоа на стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број од текстовите и делата можат да се видат и прочитаат на неговата веб-страница.
Со публикацијата „Избор на трудови“ се прави обид да се фрли светлина врз животниот и творечкиот пат на Славе Катин. Трудот е компониран на дванаесет делови, во кои секој дел има по дванаесет посебни текстови, (со исклучок на делот десет, кој има десет текстови), претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина.
Публикацијата е поделена на почетокот се: Воведот, Биографијата на Славе Кати и Творештвото на Славе Кати. Пота следат дванаесет делови и тоа: Првиот дел е насловен „Античка Македонија“.„Во текстовите од овој дел се пренесени објавени тектови од заедничлите публикации на академи Антоније Шкокљев – Дончо од Белград и Славе Николовски – Катин од Скопје и тоа од публикациите „Придонесот на Македонија во светската цивилизација„, „Од Панонија до Егеј“ и „Праисторија на централниот Балкан“.
Вториот дел го носи името „Илинден – сонцето на Македониа“, кој сe однесуваa, главно на публикацијата „Илинден 10303-2003 година и македонското иселеништво“. во која, меѓу другото се вели дела Илинденското востание во 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, се два најголеми историски моменти за Република
Македонија кои се имаат случено на 2 август, на ден Илинден. Тоа го прави Илинден да биде најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија и највеличествениот ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на македонскиот народ.
Третиот дел е насловен:“Македонија – просветителски регион“ во кој се дадени содржини од времете на светите браќа Кирил и Методиј до христијанството до денешни дни во Македнонија. Во овој тест е забележано дека свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу Македонците. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи.
Четврдиот дел е посветен на „Израел –ветената земја“ во кој посебно место посветено на христијанството и се верува дека раѓањето на Исус Христос ја донело светлоста на вистината меѓу човечкиот род и оти со овој настан е исполнето старозаветното пророштво за раѓањето на Спасителот. Исто така, во евангелијата, како особено важно е опишано патувањето на тројцата мудреци од Персија, кои ја следеле најсјајната ѕвезда на небото, која во моментот на раѓањето запрела над пештерата во Витлеем.
Петтиот дел е посебно посветен на Македонската православна црка – Охридска архиеписмопија од времето на првото доаѓање на апостол Павле во Македонија, вклучувајќи ги сите црковни дејствија во Македонија. Посебно место е посветено за Македонската православна црква, се наметнува прашањето за укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година. Со сет респект на историските податоци, меѓутоа, во овој текст ќе направиме разлика меќу термините „забрана“ и „укинување“ на Охридската архиепископија преку документите од Истанбулскиот архив.
Шестиот дел на делото „Избор на трудови“ е посветен на високо достоинствениците на Македонската православна црква – охридската архиепископија, почнувајќи од првиот поглавар во слободна Македонија архиепископот господин господин Доситеј, до денес актуелниот поглавар господин, господин Стафан.
Седмиот и осмиот дел на делото „Избор на трудови“ се однесува на неговите патувања во различни земји во светот кои му беле мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет.
Деветтиот дел на публикацијата е исполнет со текстови со различни соджини кои се поврзани со минатото, сегашноста и со вистина на македонскиот народ и етничка
Македонија.
Посебен простор е посветен на десеттиот дел кој е однесува на десетте награди за животно постигнување на видните личности: Џорџ Атанасоски, Џон (Лазо) Битов и Атанас Коларовски од САД, Џејмс (Димитар) Сандерс од Канада, Мик (Михајло) Велоски од Австралија, како и Киро Глигоров и Славе Катин (Николовски) од Македонија.
Наградите ги доделув „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон,
САД, која е врвна меѓународна, невладина организација чии главни цели се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот.
Последните два дела на публикацијата „Избор на трудови“ се однесуваат на промоции на дела на Славе Катин, учество на симпозиуми, трибини, собири, конференции, советувања, разговори, објавени фељтоти и бројни текстови на македонски и англиски јазик ширум светот.
Со целиот материјал што е презентиран во делото „Избор на трудови“ Славе Катин се покажа и докажа како исклучително голема, позната, призната и неодминлива личност во македонската дијаспора и во Македонија.
ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН