ТРЕТО ПОКЛОНЕНИЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1971 ГОДИНА (20)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Од 1970 година доаѓањето во вечниот град Рим не беше само оддавање почит на делото на свети Кирил Солунски и неговиот брат Методиј, туку и презентирање на достоинствата на Македонската православна црква и културата на македонскиот народ, која се базира токму на азбуката и писменоста што овие просветители ги втемелија во словенството, вградувајќи го јазикот на македонските Словени во писменоста на Словените, Од 1971 година манифестацијата беше именувана како „Денови на. Македонската  култура во Рим”.

Манифестацијата „Македонските денови на културата во Рим” во 1971 година почна на денот на свети Кирил и Методиј, со оддавање почит на кирило-методиевското дело на гробот на свети Кирил Солунски. Свеченоста се одржа во базиликата „Свети Климент Римски”, во нејзината длабочина, таму каде што се наоѓа првобитната црква, којашто уштево З86 година е спомнувана во записи како една од најзначајните и најубавите, а свети Кирил Солунски, претчувству-вајќи го својот близок крај, во 869 година изразил желба тука да го најде својот мир. Посмртните останки на свети Кирил Солунски се наоѓаат во новоподигна-тата базилика која се темели на старата во капелата на Јосип Јурај Штросмајер.

По повод празникот на светите сесловенски рамноапостоли солунските браќа свети Кирил и Методиј, од 23 до 29 мај 1971 година во Рим престојуваше делегација на Македонската православна црква и на општествено-културните работници на СР Македонија, и тоа: црковната делегација ја предводеше  злетовско-струмичкиот митрополит г. Наум, во придружба на протоереј-ставрофор Стојче Петров и протоѓаконот Стојан Јанковски, додека членови на културнопросветната делегација на  Македонија ја предводеше Феми Муча, помошник: републички секретар за внатрешни работи. Заедно со делегацијата во Рим допатуваа Хорот на Радио-телевизија Скопје со своите солисти Елисавета Христова и Благој Николовски, како и диригентот Драган Шуплевски.

На празникот, на 24 мај, на гробот на свети Кирил Солунски во базиликата „Свети Климент Римски”, на свечен начин, црковната делегација, на чело со Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Наум, во присуство на        амбасадорот на СФРЈ при Ватикан, г. Вјекослав Цврље и другите членови на амбасадата, положи венец и беше отслужен молебен. Кон величественоста на овој чин на оддавање почит на делото на свети Кирил Солунски и неговиот брат Методиј, кои ја создадоа првата словенска азбука и ги напишаа првите книги на словенски јазик, на јазикот на македонскитеСловени, на кои се градени културите на словенските народи, придонесе и Хорот на Радио-телевизија Скопје со исполнувањето на духовната музика насловенски и македонски композитори.

На свечен апригода, злетовско-струмичкиот митрополит г. Наум н агробот на свети Кирил Солунски одржа слово, при што, меѓу другото, рече:

…И годинаѕа светиот град ја почествува делегацијата на Македонската православна црква. Ние тоа високо го почитуваме и длабоко го цениме, и затоа сме и ополномоштени во името на македонскиот народ, на вечниот град, во лицето на неговите црковни и граѓаиски претставници да му ја пренесеме молитвената благодарност и топлите желби за секое негово евангелско преуспевање.

Длабоко и до восхит молитвено благодарни кон Твоето осведочено ходатајство пред воскреснатиот наш Бог и Спасител Исус Христос, Кириле оче наш свети, еве и годинава светата автокефална Македонска православна црква во обновената Светиклиментова Охридска архиепископија, во лицето на своите бескомпромисии последователи и почитатели како силни акценти на духовно-патриотскиот елан на македонското поднебје, себлаговејно застанале пред светиот и целебен Твој трон, манифестирајќи ритуално-патриотски доказ на својата признателност кон Тебе и кон Твојот брат Методиј...

Манифестацијата „Македонските денови на културата во Рим” продолжија истата вечер, во ораториумот Гонфалоне, со концертот на Скопскиот хор, под диригенство на Драган Шуплевски и солистите Благоја Николовски и Елисавета Христова, што го даде за абонентите на Коро полифонико Романо, во чијашто соработка беше организирано ова гостување. Исто така, во Гонфалоне, црквичка во стариот дел на градот, подигната и зографисана во почетокот на XV век, беше даден концерт за поканетите личности од амбасадорот на СФРЈ при Република Италија, Срѓо Прица, на кој меѓу другите, присуствуваше и амбасадорот на СФРЈ при Ватикан, Вјекослав Цврље.

Споменикот во Охрид

На програмата, покрај делата од Петар Илич-Чајковски, Павле Песников, Стеван Мокрањац и Сергеј Рахманинов, во вториот дел беа застапени композиции од македонските композитори Атанас Бадев, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Томислав Зографски и Тодор Скаловски. Концертот беше добро примен од публиката, особено беше поздравена композицијата „ Слава за свети Кирил и Методиј” од Тодор Скаловски.

Хорот на Радио-телевизија Скопје го одржа третиот концерт во живописното крајбрежно гратче Терачино, за членовите на Лино-клубот, коишто тие денови имаа симпозиум. И овој концерт што се одржа во просториите на црквата „Свети Салваторе” беше поздравен со френетичен аплауз.

На 28 мај, пак, во библиотеката на Институтот за ориенталистика на Ват-кан беше отворена изложба на минијатури од средновековни македонски ракописи, копии од Љ. Стефовска-Василев, во експозиција на НикоТози. Изложбата ја отвори амбасадорот г. Вјекослав Цврље, а нејзиното прикажување го поздрави и ректорот на Институтот проф. Иван Жужек. Презентирајќи ја изложбата, г. Цврље, меѓу другото, истакна:

„Македонскиот народ, познат со својата долга и маченичка историја, кој живеел и создавал не од вчера (како што сакаат некои да тврдат), туку многу векови наназад кој создал своја Црква, свои богословски училишта, своја култура, првиот Словенски универзитет и така иатаму, во текот иа вековите во своите скриптарии, кои во најголем број постоеле во рамките на црквите и манастирите, создал една богата колекцмја ракописи познати по нивната уметиичка убазина.

Но, поради различни историски околности, ова значајно историско богатство на едииствените ракописи (впрочем исто се случило и со иконите), се изнесени од подрачјето на кое се создадени и денес се наоѓаат во библиотеки и во приватни колекции, блиски и далечни. Тоа е основниот мотив поради кој прегставниците на културата на денешна СР Македонија не беа во можност да донесат и да ни ги покажат оригиналите, а со тоа и сето блескаво богатство на средновековните македонски ракописи и истовремено и на македонските минијагури…

Денешниот културен и креативен процес на уметноста на македонскиот народ во рамките на југословенската федерација, продолжи Г. Цврље, и не можеше да почне од создавањето на Македонската република, туку е преломно и слободно продолжување, богато со различности на илјадагодишната македонска култура.

Почетоците на ракописите и литературната активиост кај Македонците истовремемо претставуваат почеток за литературата на словенските народи воопшто, зашто првите словенски текстови што ги создадоа просветителите свети Кирил и Методиј се пишувани на дијалект на македонските Словеии.”

Изложбата на минијатурите од средновековните македонски ракописи остана и натаму да се прикажува за посетителите на Институтот за орненталистика, а Хорот на Радио-телевизија Скопје по концертот во гратчето Терачино се врати во Скопје, додека делегацијата на Македонската православна црква, на чело со митрополитот г. Наум остана во Рим извесно време. Имено, црковната делегација водеше разговори со претставници наСветата столица и      Секретаријатот за единство на христијаните, како и со Колегиумот на чехословачкиот институт „Свети Кирил и Методој”.

Посетата на црковната делегација во Рим како и средбите и разговорите поврзани со програмската работа низ сите свечености, одржани по повод     празникот на светите браќа Кирил и Методиј, беа оценети позитивно. Посебно одржаниот молебен на гробот на свети Кирил Солунски, учеството на Хорот на Радио-телевизија Скопје и на делегацијата на општествено-културните работници од СР Македонија, уште еднаш ги потврдија добрите односи на релација црква-држава, а со тоа се придонесе и за посилна афирмација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Македонија.

Владимир Мошин „ Словенските ракописи во Македонија”/, I II, Скопје 1971. (Соработници: Лидија Славева, Султана Кроневска , Јованка Јакимова) . ,,Македонија – земја на првото запознавање на словенските просветители Кирил и Методиј со словенскиот јазик, лулка насловенската писменост, врз чие создавање работеле првите ученици и соработници на солунските браќа, Климент и Наум; јадро на Самоиловата држава, која во последната четвртина на Х век го опфаќала и Преслав, центарот на бугарската просвета, во т. н. златно време на Климентовите современици Јован Егзарх и Константин Презвитер … денеска, поради историските околности, можеби е најсиромашната од сите словенски земји со ова старо ракописна богатство”

– Со овој вовед В. Мошин го започнува предговорот кон важното и значајно дело – описот насловенските ракописи во Македонија. Авторот на двата тома, заедно со соработниците, ги опишал зачуваните ракописи, кои денес се сопственост на следниве установи: Архив на Македонија, Народна и универзитетска библиотека, Филозофски (денес Филолошки) факултет, Институт за македонски јазик, Скопска митрополија, храм Св. Богојавление во Прилеп, црква во село Ропотово – Прилеп, манастир  „Св. Јован Бигорски”, манастир „Св . Пречиста” – Кичевско, Народен музеј Охрид, Историски архив-Охрид, Историски архив -Титов Велес, Стојмир Поповски с. Манастир, Доленци, Кичевско, село Лавчани – Кичевско, Опишани се 134 ракописи, 18 фрагменти, 58 документи, записи и писма.

При опишувањето на ракописите авторите се служеле со сите пропозиции од достигањата на современата палеографска наука и ексцерпирани се најважните наслови и поднаслови, со сите нужни податоци, за да се добие целосна претстава за односниот ракопис. Вториот том содржи фотокопии од опишаните ракописи.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН