ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Илјада деветстотини седумдесеттата година ќе остане со златни букви во историјата на Светиклиментовиот гроб во Рим, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на македонскиот христијански народ. Имено, во таа година, по повод празникот на словенскиот Апостол, по вторпат беше одржана поклоничка свеченост, на којашто присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски господин Доситеј, кој на свечен начин ја откри спомен-плочата на гробот на свети Кирил, сесловенскиот просветител.
Владата на СР Македонија и Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија донесоа одлука видно да ја одбележат и овековечат благородноста и признателноста на македонскиот народ спрема свети Кирил Солунски со поставување спомен-плоча над неговиот гроб во римската црква „Свети Клнмент Римски”. Државната делегација ја сочинуваа: потпретседателот на Собранието на СРМакедонија г. Ванчо Апостолски, членот на Извршниот совет на СР Македонија и претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници д-р Анте Поповски, секретарот на Бирото за односи со странство г. Димитар Колемишевски, потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите проф. д-р Харалампие Поленаковиќ и проректорот на Универзнтетот „Свети Кирил и Методиј” проф. д-р Димитар Грчев.
Црковната делегација, пак, ја предводеше поглаварот на Македонската православна црква –Охридска архиепископија, Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, заедно со членовите на Светиот синод на МПЦ митрополитите злетовско-струмички г. Наум и дебарско-кичевскиот г. Методиј. Двете делегации беа придружени од поголем број свештеници, од културни и јавни работници, како и од Камерниот оркестар при Филхармонијата на СР Македонија и Хорот на Радио-телевизија Скопје.
Уште со пристигнувањето на гостите во Рим, црковната делегација беше примена од претседателот на Ватиканскиот секретаријат за единство на христијаните, кардиналот Вилебрандс, во присуство на генералниот секретар на истиот Секретаријат, монсињор Хамер и секретарот на добротворната организација „Каритас интернационалис” Монсињор Баер.
Кардиналот г. Вилебрандс срдечно се поздрави со црковната делегација, и ја изрази својата духовна радост и и’ посака успех во светата народна мисија. Потоа, Неговото блаженство г. Доситеј од името на делегацијата и од свое име, ја искажа бладарноста за топлиот прием и христијанското разбирање и, меѓу другото, рече:
„Македонската православна црква не само што го почитува свети Кирил, туку и постојано го чува во своите мисли и души неговиот светол лик. Тоа го правиме со големе христијанска љубов, лочит и благодарност кон сеслооснскиот просветител свети Кирил, кој потекнуаа од дамнешните предци на максдонскиот народ и овие денови ја чувствуваме големата христијанска и евангелска екуменскарадост што при Вас и Неговата Светост папата Павле VI наидовме насестрано разблрање за ова наше христољубиво и родољубиво дело“.
Потол, во дијалошка форма, кардиналот Монсињор Вилебрандс рече:„Ние сме запозпаени со историјата на вашата Црква и вашиот народ и се радуваме дека и вие работите врз јакнењето на екуменизмот во светот и премостување на се’ она што ги раздвојуволо христијаните, а прифаќање на она што ги соединува”.
На 22 мај 1970 година со Рим, Неговата сетост папата Павле VI ја прими во специјална аудиенција делегацијата на Владата на СР Македонија и Македонската православна црква. Приемот траеше околу еден час, Притоа поглаварот наМакедонската православна црква, архиетископот охридски и македонски господин Доситеј му ги прснесе на папата Павле VI поздравите од македонскиот народи Македонскатаправославна црква, заблагодарувајќи му се на аудиенцијата и срдечниот прием, и меѓу другото рече:
„Дозволете, Ваша Светост, срдечно да Ви заблагодариме на приемог и воедно да Ви ги пренесеме поздравите од македонскпот народ и од верниците и свештенството на Македонската православна црква. Исто така Ви благодариме што најдовте христијанско разбирање приВас и Вашите соработници, да можеме да поставиме и откриеме спомрп-плоча над гробот на сесловенскиот просветител свети Кирил во црквата „Свети Климент”, од името на благодарниот и признателен македански народ.
Рим
Ние сме претставници на тој народ, кој во текот на својата национална и црковна историја преживел вековни ропства и благодарејќи на бесмртното дело оставено од рамлоапостолите свети Кирил и Методиј и нивните ученици успеал да го сочува своето нацнонално обележје, својот култ исвојата православиавера.
Нашиот народ и црква знаат што значи да се биде национално ицрковно поробен, па одејќи по зацртаниот пат на свети Кирил и Методиј и нивнитеученици, на чело со свети Климент Охридски, се залагаме за остварувањето на прокламираните екуменски принципи и Ве уверувме дека Македонската пра-вославна црква безрезервно го спроведува во живот и се стреми кон нивното полно остварување.”
Потоа, папата се поздрави со митрополитот господин Наум, кој меѓу другото рече: „Во нашата Митрополија каде што духовно раководиме, во градот Струмица се наоѓа голема светиња посветена на Светите петнаесет тивериополски маченици, со чија вера нашиот народ се надахнуваше во текот на многуте ропства и успеа да ја сочува својата прадедовска православна вера и своите народни традиции”.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН