Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија. Шефот на државата посочува дека освен што со својата лојалност придонесува кон македонска татковина, турската заедница е и силна врска со братска и пријателска Турција. А плодови на тоа пријателство, како што истакнува Пендаровски, се одличните билатерални односи и заемната поддршка, многубројните инвестиции, заедничките проекти, донациите за образованието, науката, здравството и културата.