Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во Елисејската палата беше гостин на работната вечера што ја приреди претседателот на Француската Република Емануел Макрон, за шефовите на држави и влади учесници на Парсискиот мировен форум. Во рамки на работната посета на Париз, предвидено е Ковачевски да има билатерална средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан.