Европски сојуз за промена: Граѓаните страдаат од бизнисите на ДУИ

Денес, сме пак пред канцелариите на Државна Лотарија, кои за кратко ќе се прошират и во индустриската зона Визбегово.

Оваа институција е симбол на сегашниот срам на раководството на ДУИ. 

Од партија која беше симбол за борба за правата на Албанците, се претвори во партија учесник во коцкарски зделки. 

За жал, денес ДУИ повеќе наликува на бизнис октопод кој ги има развиено до совршенство сите механизми за испумпување народни пари. 

Сите декларативни заложби за полноправно членство во ЕУ, почитување на нашите меѓународни стратешки пријателства, се фасада за нивните лични и партиски бизнис интереси. 

После се што ние и медиумите обзнанивме дека се случува во Државна Лотарија, очекувавме до сега оставки од Артан Груби и неговиот бивши асистент Парпарим Бајрами и надлежните државни органи да постапат. 

Бидејќи ништо од тоа не се случи, ние како Европски Сојуз за Промена најавуваме дека во наредниот период уште повеќе ќе ја разобличуваме инволвираноста на врвот на ДУИ во коцкарскиот бизнис. 

Да направиме резиме. 

Владата има пари за кирија за државна Лотарија од 2.6 милиони евра за синот на Пуцко Петрол, бизнис партнерот на зетот на Али Ахмети, но нема пари за центар за болни од цистична фиброза, а за ова бараат донации! 

Имаат пари преку Државна Лотарија да набават нови столчиња во кои тие што влегуваат во казината ќе ги изгубат сите спечалени пари и пари земени од брзите кредити, додека за затворениците има само ладен душек на под! 

Владата има пари за нови најмодерни ВЛТ терминали, но нема пари за сензор апаратчиња за болните од дијабет! 

Имаат пари за милионска набавка на рекламни ЛЕД дисплеји кои светат на сите страни од градот, додека набавката на лекот трикафта никако не може да заврши. 

За ЕУРОВИА има пари за кирија од 250 илјади евра, додека за студентите едвај 2.5 евра за оброк! 

Едно е јасно како бел ден, кога Артан Груби има интерес, има пари, кога граѓаните имаат потреба, нема пари. 

Секојдневно илјадници мајки плачат што нивните деца заминале или заминуваат во странство во потрага по егзистенција и подобар живот. 

Додека чесните семејства страдаат, одредени политички кланови безочно се богатат врз грбот на граѓаните.  

Се однесуваат како Државниот Буџет да е нивно приватно чекмеџе.         

Доста беше!

Европскиот Сојуз за Промена најавува дека кога граѓаните ќе ни ја дадат довербата на следните избори, институционално ќе ги расчистиме сите случаи каде постои основано сомневање за перење пари, конфликт на интереси, местење тендери и тргување со политичко влијание за индивидуално и партиско профитирање.