Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на БИХ и мисијата на ЕУ-АЛТЕА

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска до 2. ноември годинава ќе престојува во официјална посета на вооружените сили на Босна и Херцеговина и мисијата на Европската Унија- АЛТЕА.

Во рамки на посетата, како што најавија од ГШ на Армијата, во текот на утрешниот ден во Сараево, генералот Ѓурчиновски ќе ги посети Министерството за одбрана и Здружениот штаб на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

За време на престојот во Сараево, генералот Ѓурчиновски ќе ја посети и командата на мисијата ЕУФОР-АЛТЕА, каде покрај официјалните средби со военото раководство ќе ги обиколи нашите припадници кои извршуваат задачи во рамки на мисијата.

One thought on “Началникот на ГШ на Армијата Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на БИХ и мисијата на ЕУ-АЛТЕА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *