Партиите калкулираат со датумот на изборите, Џафери бара навреме да се договорат

Политичките елити во земјава од уставни измени, фокусот го префрлија на претседателските и парламентарните избори 2024 година, па така, деновиве датумот на изборите е меѓу најпопуларните теми во медиумите. И дека реално има потреба од навремено одредување на тајминзите за да може законите и Уставот доследно да се применат, а институциите да ги организираат изборите, укажа вчера претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој исто така ја покажа и легислативната проекција со датуми кога би можеле да се одржат претседателските, а кога редовни парламентарни избори.

Како можни датуми за претседателски избори Џафери ги наведува: прв круг на 14 март, 28 март, 11 април и 25 април, а втор круг: 28 март, 11 април, 25 април и 8 мај, што е критичен датум бидејќи инаугурацијата ќе треба да биде на 12 мај. 

Во редовниот рок парламентарните избори би можеле да се одржат од 5 мај до 15 јули, за да се овозможи конституирање на Парламентот во рамки на уставниот рок односно најдоцна денот 20/21 од денот на гласање. Ако парламентарните избори се организираат да се одржат пред 5 мај, тогаш тие избори се предвремени и во тој случај ќе важат други рокови.

За да се договори датумот за избори, партиите треба најнапред да дефинираат дали ќе има двојни избори односно дали на вториот круг од претседателските избори ќе се одржат и парламентарните избори или тие ќе бидат одвоени.

Во јавноста засега нема информации дали работни групи на партиите се среќаваат за овие прашања.

Џафери предупреди дека до Нова Година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, додека за парламентарните избори важат други процедури и други рокови и за нив има време до февруари, март. Ако партиите немаат согласност и калкулираат тој, како што кажа, нема да дозволи да се излезе надвор од она што е пропишано.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека ќе ги преземат сите правни и законски чекори што им стојат на располагање за да го оспорат пред надлежните

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски повторно го повика премиерот Ковачевски да одбере еден датум и за претседателски и за парламентарни избори. 

-Јас имам информација дека денеска ќе имаат работен ручек Ковачевски, Ахмети и Груби. Нека седнат, нека се договорат и нека кажат, тој и тој ден, работните групи ќе се состанат и ќе зборуваат за иднината бидејќи овие два процеси се клучни за иднината на Македонија, изјави вчера Мицкоски.

Неговиот предлог е датумот да биде помеѓу Бајрам и Велигден. Мицкоски вели дека не треба да има одвоени избори, бидејќи тоа, како што кажа, „е голем трошок од десетици милиони евра и би било згрозувачки ако некој размислува во таа насока“.

Prime Minister Dimitar Kovachevski said in Parliament on Thursday that elections in the country are announced by the Parliament Speaker according to deadlines determined by law and the mandat

Премиерот Ковачевски за изборите зборуваше од собраниската говорница без да посочи дали имало некаков разговор со коалицискиот партнер ДУИ. Тој рече дека избори во земјава распишува претседателот на Собранието според рокови определени со закон и мандат на избраните функционери.

-Избори во оваа држава согласно закон и Устав распишува претседател на Собранието во рокови определени согласно закон и мандат на избраните функционери, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека во Министерството за правда постои работна група во која учествуваат претставници од политичките партии освен ВМРО-ДПМНЕ, каде се подготвуваат измените на Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. 

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека би прифатил да биде премиер 100 дена пред избори доколку тоа биде побарано од него. За можноста да се кан

Истовремено, во јавноста почнуваат веќе да се кристилазираат одредени позиции во однос на кандидатите за изборите. Синоќа потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека би прифатил да биде премиер 100 дена пред парламентарните избори доколку тоа биде побарано од него. За можноста да се кандидира за претседател на државата, пак, вели дека „ако се зборува за консензуален кандидат независно на етничкото потекло и тој е најдобриот за тоа, радо би прифатил“.

-Јас знам дека има договор помеѓу СДСМ и ДУИ за последните 100 дена да биде Албанец премиер. Јас не се преоптоварувам со тоа решение. Јас сум навикнат и научен во мојот живот да работам до последниот момент. Ако приликите дојдат да се бара од мене да служам на народот во функцијата премиер велам – да, истакна Битиќи.

На прашањето дали би прифатил да биде консензуален кандидат за претседател на државата, Битиќи со став дека ако се зборува за консензуален кандидат независно на етничкото потекло и тој е најдобриот за тоа, радо би прифатил, но, како што потенцираше, ако консензуалниот кандидат е само за да биде Албанец, нема да прифати.

Една недела претходно инфектологот Вело Марковски обелодени дека ќе се кандидира за претседател со собирање потписи, а очекува поддршка од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.