За последните случувања по терористичките напади на Хамас против Израел и ситуацијата во Појасот Газа, телефонски разговарале премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, информираа од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, Мицотакис ја истакнал потребата да се избегне хуманитарна криза и да не се загрози регионалната стабилност.