„Авантурата на бегалците“ е насловена изложбата која во организација на Институтот „Јунус Емре“ вечер од 19 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам.
Изложбата ќе претстави фотографии и видеа за бегалската криза, направени и снимени од објективот на турската новинска агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA).
– Целта на изложбата е да го привлече вниманието за мигрантската криза и да се изрази поддршката што Турција им ја дала на бегалците, соопшти „Јунус Емре“.
Изложбата е организирана под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, во соработка со агенцијата Анадолија и Турската телевизија (ТРТ). За посетителите ќе биде отворена до 3 април 2018.