СДСМ: Заврши времето на монтирани судски процеси од ВМРО-ДПМНЕ Македонија станува правна држава

Не постои поголем криминал од оној што ВМРО-ДПМНЕ 11 години им го правеше на граѓаните и државата, кога партијата и лица од нејзиното раководство се богатеа на сметка на осирмашените граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за владеење на правото, затоа што токму таа партија 11 години нарачуваше монтирани судски случаи кои служеа единствено за пресметка со неистомислениците.
Со таквиот начин на владеење, ВМРО-ДПМНЕ целосно го урниса владеењето на правото, а Македонија долго време беше категоризирана како заробена држава.

Времето на нарачани судски процеси, на криминално и коруптивно однесување на власта, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

 

Никој не може да застане на патот на вистината и правдата. Низ овторени и транспарентни судски процедури ќе се докаже вистината за монтираните судски процеси на ВМРО-ДПМНЕ и секој кој е вмешан во тоа ќе понесе одговорност.