Актуелниот шампион на НБА лигата, Голден Стејт, нема да може да смета на својот најдобар кошаркар и двоен МВП играч, Стеф Кари до крајот на април. Тренерот на “воините”, Стив Кер, соопшти дека победата над Атланта, скапо гo чинел неговиот тим, бидејќи Кари ги истегна лигаментите на коленото и ќе мора да паузира повеќе од еден месец.
-Неговото истегнување на лигаментите е од втор степен, што значи дека е сериозно и дека нема шанси да заигра во првото коло од плеј офот. Не сакам никакво форсирање пред да почне главниот дел од сезоната. Сега нека се опоравува, а по три недели повторно ќе биде прегледан да видиме како оди закрепнувањето. Наша работа е да се прилагодиме да играме без него, односно без неговиот придонес во нападот кој секако не е мал, но верувам дека имаме доволно квалитет да се пласираме до финалето-изјави Кер.
До крајот на регуларниот дел од првенството има уште три недели, а разигрувањето почнува на 14. април.