Дебата на тема „Предизвици на Владата и институциите во зголемување на транспарентнотста пред медиумите и граѓаните“ ќе се одржи денеска во организација на Здружението на новинари на Македонија.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани пред учесниците ќе говори за влијанието на транспарентноста на институциите врз зголемување на професионалноста на медиумите.
Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ќе ја презентира стратегијата за транспраретноста на Владата.
Новинарската Сашка Цветковска ќе говори за тоа како истражувачките новинари се справуваат со (не)транспарентноста на институциите