Македонско-австриски бизнис средби

Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје денеска организираат Македонско-австриски бизнис средби, со цел интензивирање и зголемување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.

На средбата во Стопанакста комора ќе присуствуваат австриски бизнисмени со кои претставниците на македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од различни области: телекомуникации, радиодифузери и кабелски компании, проектирање од развој на проекти до надзор на изградба, високотехнолошки решенија во делот на роботиката и на автоматизацијата, снабдувачи на системи за индустриска вентилација и други области.