Средби на министерот Ќахил со турски бизнисмени во Турција

Можностите за инвестирање во Република Македонија беа презентирани пред многубројни средби и состаноци со еминентни имиња од турската бизнис заедница беа претставени од страна на министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил за време на неговата тридневна работна посета на Република Турција.

На првиот ден од повеќедневната посета, која заврши вчера, како што соопшти кабинетот на Ќахил, министерот оствари средби со гувернерот Кемал Чебер и градоначалникот Рафет Вергилиг на Карабук, водечки град на тешката индустрија на железо и челик. Тој имаше состанок и со раководството на Трговско-индустриската комора Карабук каде ги презентираше мерките од планот за економски раст и упати покана до турските бизнисмени за инвестирање во Република Македонија. Ја посети и најголемата фабрика за железо и челик Кардемир, а во индустриската зона посети уште четири фабрики кои работат во слични области.

На средбата со членовите и управниот одбор на Трговско-индустриската комора Сафранболу министерот Ќахил одговараше на прашања во врска со можностите за инвестирање што ги нуди Република Македонија.

– Точно е дека Република Македонија и Република Турција имаат одлични политички односи, но истите се недоволно рефлектирани кога станува збор за економските односи. Во тек се интензивни средби помеѓу претставници од двете страни, со цел овозможување поголем обем на економска размена и интензивирање на постоечката соработка. Тука сум за да ги претставам мерките од планот за економски раст и да ги охрабрам турските инвеститори да дојдат во Македонија, вели Ќахил.

Според него, Македонија има прекрасна географска местоположба и договори за слободна трговија со повеќе држави.- Затоа пренасочете го вашето производство и искористете ја можноста за извоз кон поширокиот пазар. Владата на Република Македонија нема потреба да се меша во економскиот избор, но има должност да обезбеди услови за тоа, гпорача до инвеститорите Ќахил.

Министерот Кахил го посети и Иновацискиот Центар на Бартин, а на последниот ден од посетата се сретна со членките на Независната асоцијација на индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) во Кастамону.

Ќахил беше дел и од свечената прослава по повод празникот Невруз – првиот ден на пролетта, која се одржа во Кастамону, градот кој годинава е прогласен за главен град на културата на турскиот свет на присуствуваа и високи функционери, делегати и дипломати од повеќе држави. На централната прослава присуствуваше и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, со кого министерот Ќахил оствари средба.