Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција.
За случајот, ЕИП излезе со детално соопштение за начинот на дејствување на жената, без при тоа да ја открие земјата на потекло, а според грчките медиуми, Мариа Т, односно Ирина А.С. е Русинка и пред неколку месеци побегнала од Грција.
Според ЕИП, случајот бил откриен по обид на трета земја да пристапи до податоците на починатите грчки државјани, „меѓународно констатирана практика на разузнавачките служби на конкретна земја за создавање посебна категорија шпиони наречени „illegals“ („илегалци“)“.
Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека еден од податоците што водат до заклучокот дека жената имала тајни активности во Грција е дека нејзиниот сопруг, исто така руски државјанин, живеел во Бразил под лажен идентитет, .
Според истите информации, ниту еден од нив не е уапсен, бидејќи најверојатно се вратиле во Русија уште во јануари годинава.
Национална служба за разузнавање на Грција соопштии дека конкретната категорија шпиони „се регрутираат и обучуваат од службите на конкретна странска држава“, користат лажен идентитет преку фалсификување на документи и изводи на мртвородени бебиња или лица кои починале.
-Профилот и активноста на „Марија Т. директно упатува на посебната категорија „illegals“ („илегалци“), соопштија од ЕИП.
Мариа Т. Од 2018 година со грчко државјанство и грчка лична карта живеела во Атина.