Вархеи: Членството на Албанија е блиску, во септември ќе започнеме со приемниот процес

Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеи изјави дека изградбата на Европски колеџ во Тирана со финансирање од ЕУ е „јасен сигнал дека членството на Албанија во Унијата е блиску“, јави Топ чанел.

– Охрабрен сум од посветеноста на албанската влада да продолжи со агендата на ЕУ. Мило ми е што успеавме да најдеме средства за кампусот на европскиот колеџ. Ова е јасен сигнал дека членството е блиску. Затоа со голема гордост можам да соопштам дека приемниот процес ќе можеме да го започнеме во септември оваа година. Ни треба зграда, убаво место каде што може да се смести факултетот. Се надевам дека во втората половина од оваа година ќе има големи случувања во патувањето на Албанија кон ЕУ, рече Вархеи на заедничката прес-конференција во Тирана со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската
комисија, Жозеп Борел и албанскиот премиер Еди Рама.

Во Тирана денеска беше одржан 12. Совет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија. Албанија  ја
претставуваше премиерот Рама, а  Европската комисија Вархеи.