ГЛАСИЛОТО „МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК“ ЗНАЧАЕН ИНФОРМАТОР ВО АВСТРАЛИЈА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Затоа, во продолжение ќе презентираме дел од медиумите во Австралија

            9. “Македонски весник” (1967-1975).  Со зголемувањето на активностите во македонската општина во Мелбурн, се зголеми и потребата за почесто издавање на иселенички гласила. Затоа на местото на двата броја од “Македонски илинденски весник”, аи како продолжение на поранешниот “Македонски билтен”, во декември 1967 година како божиќно издание се појавил првиот број на “Македонски весник”, но бидејќи не е билтен, ниту е врзан само за Илинден, се вика само “Македонски весник”.

Гласилото не е редовно, туку излегува обично три пати: пред Божиќ, Велигден или Илинден, затоа и во поднасловот се дава дека е божиќно, велигденско или илинденско издание.  Весникот се печати на македонски јазик со латиница, во кој се поместувани и голем број фотографии, а често има текстови и на англиски јазик. Тој се печати на среден формат 28 х 42 см. И технички и содржински е еден од подобрите весници за своето време на излегување.

Првиот број на “Македонски весник” како божиќно издание се појавил во Мелбурн, во декември 1967 година, на 4 страници. Вториот број е велигденско издание од април 1968 година. Тој е печатен на 10 страници, на ист формат што ќе се задржи и во идните броеви. Третиот број, пак, се појавил во август 1968 година како илинденско издание. Бројот е отпечатен на 8 страници на македонски со латиница, со ист формат и слична содржина како и претходните броеви. Во наредниот период “Македонски весник” излегол за Велигден и Илинден во 1969 година, а во 1970 година се отпечатени две изданија.

Илинденското издание е отпечатено на 12 страници, а декемврискиот број за 1970 година, пак како божиќно издание е отпечатен само на 4 страници на кои се поместени текстовите “Пред првата црковна национална конференција на Македонците во Австралија” и др. Во април 1971 година како велигденско издание “Македонски весник” се појавил на 10 страници со голем број интересни текстови меѓу кои текстот за Првата црковно-национална конференција на Македонците во Австралија. Декемврискиот број од 1971 година, како божиќно издание е посветен на стогодишнината на роденденот на македонскиот син Гоце Делчев (1872-1972). Весникот е печатен на 20 страници.

10. “Македонија” (1969).  Првиот број на весникот “Македонија” се појавил во Сиднеј на 13 март 1969 година. Отпечатен е на 8 страници на среден формат (29 х 44 см.), на македонски јазик со латиница.  Весникот е независен и рекламно-информативен, а тоа значи дека нема да се врзува со било каква идеологија и политика.

            11. “Нова Македонија” (1969).  Гласилото за прв пат се појави во Сиднеј на 19 април 1969 година како неделник, чиј издавач беше извесен Чек Лорд, а главен и одговорен уредник Драги Неделковски.  Главата е на македонски, со латиница и ги содржи основните податоци. Весникот се печати на лош македонски јазик со латиница, на 8 страници, на формат 28 х 45 см. По цена од 15 центи.

Во почетокот на мај 1969 година се јавува уште еден број.

1harm0901236789

12. “Македонска вистина” (1970-1972).  Првиот број на ова македонско гласило излезе во Мелбурн на 19 август 1970 година, на македонски со латиница и со кирилица, а некои текстови се и на англиски јазик.

Првиот број е отпечатен на 10 страници, среден формат 34 х 45 см. Со цена на чинење од 15 центи. Оваа форма и големина на весникот е зачувана кај сите броеви од првата година на издавањето. Последниот број 28 излење на 11 јули 1972 година, исто така, на 20 страници со слична содржина како и претходниот на “Македонска вистина”. Тој е, всушност, последниот број на ова македонско гласило.

             13. “Месечни новини” (1971-1974).  Првиот број на билтенот “Месечни новини” се појави во март 1971 година како орган на Македонско-австриската православна општина од Перт, Западна Австралија. Излегува обично на 4 страници мал формат, 23 х 29 см., а некои броеви се печатат и на повеќе страници.

Првиот број од март 1971 година е отпечатен на 6 страници на македонски и на англиски јазик.

14. “Македонија” (1972).  Во предградието на Вулунгонг, во Порт Кембла, во почетокот на седумдесеттите години, кога бројот на доселениците во Македонија постојано се зголемуваше, се појави првиот број на весникот “Македонија”. Тој е отпечатен како месечник во февруари 1972 година, на 8 страници, на среден формат. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има текстови и на англиски јазик.

Од весникот “Македонија” се отпечатени само три броја кои се исти по форма и идентични по содржина.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН