Ковачевски – Апатураи: Справувањето со интензивниот хибриден напад го правиме заедно со НАТО сојузниците, граѓаните да бидат спокојни

Предизвиците со кои се соочува Северна Македонија се предизвици и за НАТО членките. Владата на Република Северна Македонија понатаму нема да се справува сама со хибридните закани, исто како што досега тоа не беше случај, НАТО ќе продолжи да споделува знаења и техничка поддршка за создавањето долгорочна отпорност, порача заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици Џејмс Апатураи кој ја предводеше делегацијата на НАТО на денешната средба со македонската владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
Во македонската делегација беа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, тема беа актуелните хибридни закани и напади со кои се соочуваат Северна Македонија и другите земји членки на Алијансата.  Присутните на состанокот констатитраа дека станува збор за малициозни обиди за внесување страв и немир кај граѓаните и поткопување на довербата и кредибилитетот во институциите.

-Присутните министри имаа можност да разговараат со експертскиот тим на НАТО во насока на досега преземените мерки и активности со кои е обезбедена стабилноста и безбендоста на граѓаните и поради кои заедно со безбедносните служби ја ценат состојбата во земјата како целосно стабилна, наведува Владата.

На средбата се дискутираше и за поврзаноста на почетокот на воената агресија врз Укранина од страна на Русија и коинцидирањето на истата со интензивирањето со хибридните напади во региото и врз другите членки на НАТО. 

Премиерот Ковачевски се заблагодари на НАТО за целата поддршка која Северна Македонија ја добива во борбата со новите безебдносни предизвици и за договорените следни чекори во зајакнување на сајбер безбедноста на дражвата.