Започнаа подготовките за светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“

Во Стаклената сала на виенскиот „Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот МАКЕДОНИСИМО на Симон Трпчески и пријателите.
Аранжманот е на Пандев Шахов, а на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе се појави добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Симон Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, како и австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.