Столтенберг: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Анкара упати апел „веднаш“ да се интегрираат Шведска и Финска во Северноатлантската алијансата.

– Сега е време да се ратификува истовремениот прием на Финска и Шведска како членки на НАТО, истакна Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Додека Чавушоглу посочи дека Турција може одделно да ги разгледа финските и шведските кандидатури.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган делумно се спротивставува на кандидатурата на Шведска, со образложение дека Стокхолм пружа засолниште на членови на Курдиската работничка партија (ПКК), која Турција, ЕУ и други држави ја сметаат за терористичка група.

Ердоган на почетокот на февруари истакна дека турскиот Парламент може да го ратификува влезот на Финска, но не и на Шведска.