Францускиот амабасдор Тимоние во посета на Штип

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние и пратеничката во фрацуското Собрание, Лилјана Тонги денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Штипскиот градоначалник вели дека на средбата го информирал амабасадорот за проектите кои се запоначити во Штип.

– Разменивме мислења во делот на целокупната слика во Република Македонија, пред се во делот на развојот на Општина Штип и тоа што го правиме во овие први неколку месеци. Го запознаваме амабасадорот и пратеничката со сите крупни капитални проекти кои што ги започнавме, добивме поддршка да продолжиме да работиме вака, заедно со граѓаните, истакна Бочварски.

Амабасадорот, Тимоние вели дека го радува тоа што штипскиот градоначалник започнал со проекти кои обединуваат, а му честиташе и на наградата која ја доби за Најпријателски градоначалник со Ромите.

Прашан што може да очекува  Македонија на престојниот самит на ЕУ во јули и дали останува на ставот за Законот за јазиците, Тимоние со став дека нашата земја има симпатии од ЕУ во делот на започнатите реформи.

-Генерални симпатии имате за реформите кои што нели повторно почнаа во Македонија. Сега е потребно национално единство за да можат истите да се спроведат. Затоа што ние ги почитуваме намерите, но повеќе очекуваме реализација на тие намери и не треба нели да се изгубите во непотребни кавги. Но, треба навистина да се обидете функционална работа да спроведувате во рамките на Собранието, кое што ќе ви овозможи да чекорите кон Европа. Искрено се надевам дека вечерва ќе бидат продуктивни разговорите, бидејќи имаме закажано со голем број на пратеници и искрено се надевам дека тоа ќе не води кон мир и конструктивност, вели Тимоние.

Пратеничката во француското Собрание, Лилјана Тонги рече дека е задоволна што на денешната средба со штипскиот градоначалник успеала да размени мислења за она што значи локална и национална политика.

Тонги е и член на Комисијата за надворешни прашања, потпретседател на Комсијата за европски прашања и потпретседател на група за пријателство и соработка со македонското Собрание.