Пријателството и добрите билатерални врски меѓу Северна Македонија и Канада беа потврдени на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски и специјалниот пратеник на Канада за Европската Унија и Европа Стефан Дион.
Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, соговорниците разменија мислења и информации за безбедносната состојба во регионот и во Европа, при што шефот на државата го запозна соговорникот со текот на македонските евроинтеграции.
– На средбата беа истакнати силните мултилатерални партнерства меѓу Северна Македонија и Канада, особено во рамки на НАТО и беше посочен интерес за проширување на соработка во областите од заемен интерес, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пенадровски.