Недостиг на прецизни одредби во делот на безбедноста на информациите од чувствителен карактер, како што се деловна, банкарска и ревизорска тајна, денеска констатираа учесниците на работилницата на тема „Чувствителните информации во областа на бизнисот, банкарството и ревизијата – правни решенија и практики“.
Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески рече дека постојат нијанси при разграничување на поимите чуствителни, некласифицирани и информации од јавен карактер.
-Постојните законски прописи и интерни акти кои ја уредуваат и детално ја елаборираат оваа проблематика, содржат одредби за критериумите за одредување различни нивоа на класификација, но недостасуваат прецизни одредби за информациите од чуствителен карактер како што се деловна, банкарска и ревизорска тајна. Информации кои, исто така, имаат одредено ниво на заштита, истакна Славески.
Според него, во ерата на брза продукција и проток на информации, посебно од безбедносниот карактер, постои тенка линија меѓу класифицираните, некласифицираните и чиствителните информации.
На работилницата која се одржува денеска и утре, презентација имаше и Марјанчо Тодоровски, експерт во областа на класифицирани информации, кој говореше за сегашната состојба и предизвици при ракување со класифицирани, некласифицирани и чуствителни информации. Во однос на класифицираните информации, а поделени во информации од државен интерес или од интерес на трговските друштва, Тодоровски, меѓудругото, рече дека секоја организација и институција за своите потреби си развива сопствен систем за безбедност на информациите од аспект на заштитни и контролни мерки како и на ниво на доверливост и достапност на информациите. Тоа го прават, рече тој, со различен степен на класификација со кои се разликуваат од класифицираните информации од државен интерес.
На работилницата која е во организација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија, искуства ќе разменат повеќе експерти од регионот во областа на третманот на класифицираните и чувствителни информации, а свои идеи и предлози даваа претставници од државните институции, ревизорските тела, банките, компаниите од приватниот сектор, …