Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко смета дека Советот на Европа веќе не е организација која го промовира единството на европските народи, па затоа и нема смисла Русија да се враќа таму. Тој оваа оценка ја искажа во денешното интервју за „Парламентска газета“.

Рускиот дипломат потсети дека според член 1 од Статутот, Советот на Европа е формиран за да се постигне поголемо единство на европските народи.

-Западните напори го претворија во нешто спротивно. Нема смисла да се вратиме во организација од таков вид, заклучи Грушко.