Специјалниот пратеник на Канада за ЕУ ​​и Европа Стефан Дуион доаѓа во Скопје

Специјалниот пратеник на Канада за Европска Унија ​​и Европа Стефан Дион од 6 до 8 февруари ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. Фокусот на посетата, како што информираат од Конзулатот на Канада во Скопје, е реафирмирање и продлабочување на билатералната соработка и односите меѓу Канада и Северна Македонија.

Во рамки на посетата специјалниот пратеник Дион ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата, како и со претставници на граѓански, културни и бизнис заедници во Северна Македонија.

Стефан Дион е порашен министер за надворешни работи на Канада (ноември 2015 до јануари 2017 година), потоа бил назначен за специјален пратеник на премиерот во Европска Унија и Европа, амбасадор на Канада во Германија (2017-2022) како и актуелен амбасадор на Канада во Франција и Монако.

Специјалниот пратеник Дион го застапува канадското лидерство во светот за клучните глобални интереси, вклучително и промоција на универзалните човекови права, демократија, напори за мир и стабилност, одржлива трговија, глобалниот климатски предизвик и посветеноста на Канада на различноста, наведуваат од канадскиот Конузлтат во Скопје.