Лидерите на политичките партии на Албанците од Северна Македонија на средба со Рама во Тирана

Премиерот Еди Рама во Тирана вечерва одржува средба со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави „Њуз 24“.
-Тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот во Македонија за обезбедување мнозинство, бидејќи Собранието мора да направи одредени уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции, наведува телевизијата „Њуз 24“.
Телевизијата потсетува дека на 19 јули 2022 година кога беа отворени преговорите за Албанија, преговорите беа отворени и за Северна Македонија, но со услов од Бугарија кој бара уставни измени со вметнување на бугарското малцинство во Уставот.
– Средбата ја свика премиерот Рама со лидерите на албанските политички партии во Северна Македонија. Учесници на средбата се Али Ахмети од ДУИ, Африм Гаши од Алтернатива, Мендух Тачи од ДПА и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Поканата ја одби Билал Касами од Беса, додава телевизијата.